Знаења на професионалците за обезбедување социјални услуги за старите лица

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol20160176s
Клучни зборови: знаења, професионалци, социјални услуги, стари лица

Апстракт

Демографското стареење, кое сè повеќе станува реалност и во Република Северна Македонија, носи предизвици за развивање соодветни социјални услуги, согласно потребите на старите лица, но и потреба од стекнување и продлабочување на знаењата на професионалците кои ги обезбедуваат овие услуги. Сето ова се наметнува како потреба со една цел и тоа задоволување на потребите на старите лица. Стручното усовршување на професионалците во социјалната заштита во Република Северна Македонија е дел од еден сеопфатен процес, кој се труди да ги следи европските трендови за континуиран професионален развој. Но, фактот дека развојот на социјални- те услуги за старите лица, во нашата земја, следи поразвиена динамика во последните години, а се очекува побрзо да се развива со реформираниот систем на социјална заштита од 2019 година, ја наметнува и потребата за проучување на знаењата со кои професионалците влегуваат во давањето на социјалните услуги, како и потребата за нивно проширување и продлабочување. Овој труд е насочен кон проучување на знаењата на професионалците кои даваат социјални услуги на старите лица, а резултатите од спроведеното квантитативно истражување со професионалците, укажуваат на потребата за нивно зајакнување во текот на професионалната едукација и процесот на континуиран професионален развој.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-01