Влијанието на епидемијата со Ковид-19 врз искуствата на повозрасните лица во однос на здравствените услуги

  • Шири Шинан-Алтман Школа за социјална работа Луис и Габи Вајсфелд, Универзитет Бар Илан, Рамат-Ган, Израел https://orcid.org/0000-0003-1340-2909
  • Инбар Левкович Faculty of Graduate Studies, Oranim Academic College of Education, Israel https://orcid.org/0000-0003-1582-3889
  • Амит Порат Department of Family Medicine, The Ruth & Bruce Rappaport Faculty of Medicine, Technion-Israel Institute of Technology, Clalit Health Services, Haifa and Western Galilee District, Israel.
  • Мордехај Алперин Оддел за семејна медицина, Медицински факултет Рут и Брус Рапапорт, Технион - Израелски институт за технологија, Здравствени услуги Клалит, област Хаифа и Западна Галилеја, Израел.
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol20160071sa
Клучни зборови: ресурси за справување, КОВИД-19, депресија, искуства со здравствените услуги, сознанија за КОВИД-19, повозрасни лица, согледан ризик

Апстракт

Цел: Одржувањето на побарувачка- та на неопходните здравствени услуги за време на една пандемиска криза е несомнено важно, а особено кога станува збор за повозрасните лица. За таа цел, оваа студија имаше за цел да ги испита факторите поврзани со искуствата во однос на здравствените услуги што им се нудат на повозрасните лица во Израел за време на пандемијата со КОВИД-19. Методи: Спроведена е репрезентативна анкета преку Интернет на 261 повозрасни лица (на возраст над 60 години). Учесниците комплетираа прашања за согледаниот здравствен статус, согледаниот ризик од КОВИД-19, сознанијата за КОВИД-19, нивото на депресија, ресурсите за справување, и искуството во однос на здравствените услуги (контакт со матичен лекар, страв од заразување со вирусот преку директен контакт со здравствениот систем). Беа пресметани две повеќекратни регресии за следните зависни променливи: контакт со матичен лекар за време на КОВИД-19 и страв од заразување со вирусот преку директен контакт со здравствениот систем за време на КОВИД-19. Резултати: Контактот на повозрасните лица со матичниот лекар за време на КОВИД-19 се намалил во однос на нивниот контакт пред пандемијата. Зголемениот број на контакти со ма- тичниот лекар за време на КОВИД-19 се должел на поголемите сознанија за КОВИД-19. Освен тоа, повисокиот сте- пен на страв од заразување со вирусот преку директен контакт со здравствениот систем за време на КОВИД-19 се поврзува со понизок степан на образование, повисок ризик за КОВИД-19 и помали сознанија за КОВИД-19. Заклучоци: Резултатите можат да им дадат на креаторите на јавните здравствени политики поцелосна слика за влијанието на кризата КОВИД-19 кај повозрасните лица. Оваа студија ги посочува карактеристиките и факторите коишто ги охрабруваат/ обесхрабруваат повозрасните лица да бараат здравствени услуги за време на епидемија со вирус, како што е пандемијата со КОВИД-19.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-01
Како да цитирате