Старите лица во сенка на пазарната социјална грижа: европски социјални модели, дилеми и предизици за политиката и праксата во однос на кризата на долгорочната нега

  • Пол Степни Школа за хуманистички и општествени науки Тампере Универзитет, Финска
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol2016001s
Клучни зборови: долготрајна грижа, постари лица, грижа во заедницата

Апстракт

Севкупната криза на системот на долгорочна нега сурово излезе на ви- делина со неодамнешното ширење на корона вирусот низ цела Европа, ис- такнувајќи ја ранливоста на постари- те лица, особено оние во домовите за згрижување. Целта на оваа статија е да се открие природата на кризата во долгорочна нега, да се процени нејзи- ното влијание врз постарите луѓе и да се анализираат предизвиците со кои се соочуваат креаторите на политиките и практичарите. Обединетото Кралство е примарен фокус во оваа статија, би- дејќи нејзините реформи во грижата во заедницата воспоставија репер за реформи во Европа. Оттука, нејзината мешана економија на обезбедување, отворен консумеризам и употреба на пазарот за да се ограничат трошоците ќе бидат предмет на критичко набљу- дување. Ќе се спомене политиката во другите европски социјални држави и предизвиците покренати од неодам- нешните извештаи на Европската Унија (ЕУ) за долгорочна нега, за да се задо- волат потребите на стареењето на на- селението во Европа. Ќе бидат оценети различни модели на социјална заштита за да се утврди која рамка на политики обезбедува најефикасни и интегрирани услуги за грижа за ранливите постари граѓани. Дебатата ќе биде илустрира- на со испитување на современи пра- шања што предизвикуваат загриженост, како што се: отпуштање од болница кај постари лица, дилеми за управување со ризици во пракса и ескалирање на трошоците за долгорочна нега. Во оваа статија е усвоен интерпретативен прис- тап кон производството на знаење со помош на извори на документи, вклучу- вајќи студии на случаи, официјални извештаи и емпириски истражувач- ки докази. Анализата не следи строг компаративен дизајн и претставува своевиден истражувачки есеј. Истиот открива дека додека фокусот на ризикот продолжува да ги обликува главните текови на праксата, истовремено се зголемува признавањето на потребата за развој на поопсежна долгорочна нега базирана на заедницата, со акцент на спречување и зајакнување. Постојат добри истражувачки докази за инвестирање во рехабилитација, интегрирано обезбедување и персонално заснована домашна нега за постари лица. Во таа насока, статијата завршува со препораки за праксата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-01
Како да цитирате
Степни, П. (2020). Старите лица во сенка на пазарната социјална грижа: европски социјални модели, дилеми и предизици за политиката и праксата во однос на кризата на долгорочната нега. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 13(16), 13-54. https://doi.org/10.37509/socpol2016001s