Пандемијата КОВИД-19 низ призма на правата на лицата со попреченост и обврските на државата во областа на социјалната заштита и пазарот на трудот

  • Бојана Јовановска Хелсиншки комитет за човекови права, Скопје
  • Наташа Петковска Хелсиншки комитет за човекови права, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol2117169j
Клучни зборови: лица со попреченост, социјална заштита, пазар на труд, КОВИД-19

Апстракт

 

 Кризата која ја предизвика пандемијата на вирусот КОВИД-19 успеа да ги интензивира и за многу кратко време да ги исфрли на површина проблемите со кои секојдневно се соочуваат маргинализираните граѓани во едно општество, во кои се вбројуваат и лицата со попреченост, како и лицата што се грижат за нив. Имајќи ја предвид континуираната маргинализација на лицата со попреченост во Северна Македонија, со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер, авторките на овој труд спроведоа кратко истражување на тема Влијанието на кризата предизвикана од КОВИД-19 врз лицата со попреченост во Северна Македонија, кое беше објавено во мај, 2021 година. Истражувањето опфати период од една година, односно, од започнувањето на пандемијата со прогласувањето на вонредната состојба. Овој труд како своја основа го има спроведеното истражување, а целта е да се прикаже состојбата во која се најдоа лицата со попреченост и лицата кои се грижат за нив како резултат на мерките и политиките што беа донесени за време на пандемијата, но и на самата пандемија, со посебен фокус на состојбата во областа на социјалната заштита и пазарот на трудот. Предизвиците со кои се соочуваа лицата со попреченост, кои постоеја долго пред пандемијата, како сè поприсутните стереотипи и предрасуди, непристапната инфраструктура, дискриминаторските практики во образовниот систем и на пазарот на трудот, но и неотчетните институции беа значително нагласени како резултат на несоодветното справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Ова само ја потврди неповолната положба на лицата со попреченост, но и на лицата кои се грижат за нив, во однос на можностите за обезбедување квалитетен живот. Предизвиците со кои се соочуваа лицата со попреченост во однос на пристапот до социјалната заштита и нивната вклученост на пазарот на трудот беа особено отежнати, имајќи предвид дека рестриктивните мерки за превенција и заштита од КОВИД-19 не беа во согласност со потребите, односно, со можностите на лицата со попреченост.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2012-12-03
Како да цитирате
Јовановска, Б., & Петковска, Н. (2012). Пандемијата КОВИД-19 низ призма на правата на лицата со попреченост и обврските на државата во областа на социјалната заштита и пазарот на трудот. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 14(17), 169-195. https://doi.org/10.37509/socpol2117169j