Иновативни одговори на КОВИД-19 во домен на социјалната заштита на локално ниво во Србија

  • Гордана Матковиќ Универзитет на Метрополитен, Факултет за економија, финансии и адми- нистрација (ФЕФА) – Економски факултет, Белград, Србија и Центар за социјална политика, Белград, Србија https://orcid.org/0000-0002-1213-5530
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol2117131m
Клучни зборови: иновативна практика, локално ниво, КОВИД-19, служби за услуги во заедницата, материјална поддршка

Апстракт

Во оваа статија се претставени иновативните практики во доменот на социјалната заштита на локално ниво за време на вонредната состојба поради пандемијата на КОВИД-19 во Србија од 15 март до 6 мај 2020 година. Четириесет собрани иновативни практики и продлабочени интервјуа даваат преглед на локалните одговори на криза во одбрани општини и градови. Локалните самоуправи формираа кризни штабови и телефонски центри, воведоа сменска работа и работа од дома во локалните институции и ангажираа голем број волонтери. Центрите за повици добиваа барања од граѓаните, даваа информации, па дури и основна психосоцијална поддршка. Процедурите беа поедноставени, а барањата се прифаќаа по телефон, пошта и е-пошта, како за услуги, така и за материјална поддршка. Брзото вертикално и хоризонтално проширување на програмите за финансиска помош и домашна нега беше важна цел во одредени заедници. Вработените во службите за услуги во заедницата воспоставија комуникација со корисниците преку дигитални уреди, но и во дворовите и пред влезовите. Програмите за народна кујна беа приспособени на кризни околности, со доставување оброци до домот и/или испорака на прехранбени производи и сува храна наместо готвени јадења. Издавањето дозволи за движење за време на затворањето и обезбедување различен вид помош на старите лица беа главниот дополнителен фокус поврзан со кризата. Некои локални самоуправи направија посебни напори да ги идентификуваат ранливите, да ја подобрат грижата за бездомниците и да пружат помош и поддршка на ромските населби. Во статијата подетално се претставени голем број поединечни примери на иновативна практика. 

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-01