Влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз детската сиромаштија во Северна Македонија: симулациони проценки

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol2117099p
Клучни зборови: детска сиромаштија, микросимулација, Северна Македонија

Апстракт

Целта на овој труд е да ги процени очекуваните влијанија од пандемијата КОВИД-19 врз детската сиромаштија во Северна Македонија. Трудот се потпира на моделот за микросимулација на даноци и надоместоци МК-МОД за Северна Македонија врз основа на Истражувањето (анкетата) за приходите и условите за живеење од 2019 година. Со симулацијата се зема предвид развојот на приходите, според забележаните движења во првите три квартали од 2020 година, добиени од Анкетата за работната сила, што го вклучува раниот ефект на пандемијата и владиниот одговор. Во Северна Македонија, речиси ниту една владина мерка не беше директно насочена кон приходите на децата, но три клучни и најголеми мерки се однесуваа на приходите на домаќинствата: субвенција за плата од 14.500 денари по работник во најтешко погодените компании, олеснување на критериумите за добивање гарантиран минимален приход и еднократна поддршка на ранливите групи од населението во два наврати. Резултатите покажуваат дека се проценува дека релативната стапка на детска сиромаштија ќе се зголеми од 27,8 проценти пред пандемијата на 32,4 проценти за време на пандемијата. Ова зголемување става дополнителни 19.000 деца под прагот на релативна сиромаштија. Резултатите дополнително укажуваат дека апсолутната сиромаштија најверојатно ќе се намали првенствено поради автоматските стабилизатори во случај на социјална помош и поради еднократната парична помош. 

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-01