Ефектите на пандемијата КОВИД-19 врз пазарот на труд на Западен Балкан: истражување на разликите според возраст и род

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol2117009b

Апстракт

Во овој труд се анализира влијанието на пандемијата на КОВИД-19 врз пазарите на трудот на Западен Балкан. Во 2020 година, пандемијата предизвика нагло и привремено запирање на неодамнешниот раст на економиите во регионот, а во трудот се анализира влијанието врз стапките на активност и стапките на невработеност. Анализата открива дека младите и жените, а особено младите жени, се најтешко погодени од кризата. Речиси во сите земји стапките на активност на младите жени се намалени повеќе отколку кај мажите или постарите работници, додека стапките на невработеност на жените истовремено се зголемија, што предизвика двојно поголем чекор наназад во однос на родовата еднаквост на пазарот на трудот. Во трудот е донесен заклучок дека идните политики на пазарот на трудот треба да им дадат приоритет на активните политики на пазарот на трудот за погодените млади жени за полесно да се вратат на работните места преку програми за обука кои се погодни за жените и специјализирана поддршка за барање работа и други политички мерки соодветни на родот. Ќе треба да се подобрат капацитетите на јавните служби за вработување во регионот за да се имплементираат насочени и ефективни активни политики за вработување за поддршка на закрепнувањето после пандемијата на КОВИД-19.

 

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-01