МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ ВРСКИ: СИСТЕМИ НА ПОДДРШКА НА СТАРИТЕ ЛИЦА

  • Жаклина Атанасовска Министерство за труд и социјална политика

Abstract

Стареењето на популацијата е предизвик за меѓугенерациската
поддршка, приватно во рамки на семејството и јавно во општеството.
Загриженоста за меѓугенерациската поддршка најчесто се лоцира кај
помладата генерација: Дали помладите ќе продолжат да ги
поддржуваат постарите? Во рамките на семејствата, прашањето би
било, дали возрасните деца ќе сакаат и дали ќе бидат во можност да
ги помагаат своите стари родители? Меѓугенерациските семејни
врски се составени од двете страни и треба подеднакво да се биде
заинтересиран за тоа како стареењето на популацијата може да влијае
на двете генерации. Родителите им помагаат на своите деца во
поголемиот дел од животот и настојуваат да ги заштитат своите деца
дури и кога имаат потреба од помош. Разбирливо е дека личните
очекувања и личната заинтересираност кај помладите ќе влијаат на
тоа како возрасните деца ќе се однесуваат кон старите родители.
Предмет на истражување во овој труд се меѓугенерациските
врски како системи на поддршка на старите лица и се проучуваат
преку шестте компоненти на меѓугенерациската поддршка кои
овозможуваат согледување како меѓугенерациските врски влијаат на
меѓугенерациската поддршка. Според Bengtson and Schrader (1982);
McChasney and Bengtson (1988), одредени се шест димензии на
меѓугенерациска поддршка: 1. поддршка преку дружење; 2.
поддршка низ наклонетост; 3. поддршка низ согласување; 4. функционална поддршка; 5. нормативна поддршка; 6. структурна
поддршка. Заклучокот на ова истражување го сочинуваат неколку
сегменти: а) ги прикажува новите форми на меѓугенерациски врски,
б) овозможува согледување на постоечките семејни односи, в) ги
открива причините за хармоничните или нарушените
меѓугенерациски врски, г) дава приказ за размислувањата на двете
генерации, д) анализата на елементите од шестте компоненти на
меѓугенерациската поддршка овозможува утврдување на мерки за
надминување на недоразбирањата меѓу генерациите.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2015-11-02
How to Cite
Атанасовска, Ж. (2015). МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ ВРСКИ: СИСТЕМИ НА ПОДДРШКА НА СТАРИТЕ ЛИЦА. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 8(11/2), 339-360. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2429