ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУД

  • Лазар Јовевски Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје

Abstract

Основен проблем на кој се задржува овој труд е капацитетот и
можностите на македонскиот пазар на труд за вклучување на
ранливите и маргинализирани групи на граѓани кои бараат работа. Во
таа смисла трудот ги опфаќа реалните политики кои се спроведуваат
во насока на интеграција на ранливите групи, како лицата со
инвалидитет, самохраните родители, жените жртви на семејно
насилство и други, преку нивно вработување. На тој начин се
анализираат ефектите на трудовата интеграција и нејзините ефекти
во пошироката општествена интеграција на овие ранливи групи. Во
трудот се дава јасна слика за нормативната рамка која го регулира
ова прашање, нејзините добри и лоши страни, како и потребите за
подобрување и развивање на инклузивен пазар на труд во
Македонија, кој ќе се темели на принципите на недискриминација и
социјална правда. Во истражувањето јасно се согледуваат
рамковните можности на македонскиот пазар на труд и неговиот
апсорпционен капацитет воопшто, понатаму вклученоста на
маргинализираните групи на граѓани во трудот, значењето на
нивното вклучување во трудот, односно вработувањето и
пошироките општествени ефекти.
Методолошки во трудот се прави комбинација на емпириските
показатели со аналитичко-синтетичкиот метод, преку активно користење на правно-компаративната методологија која има за цел
продлабочено разбирање на институтите кои се предмет на анализа.
Во трудот се констатира и издвојува значењето и улогата на
инклузивноста на пазарот на труд за ранливите групи на граѓани,
како систем преку кој се овозможува најбрза и најефикасна поширока
нивна општетсвена интеграција. 

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2015-11-02
How to Cite
Јовевски, Л. (2015). ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУД. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 8(11/2), 143-158. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2418