ГРУПНА СОЦИЈАЛНА РАБОТА СО АДОЛЕСЦЕНТИ: НЕКОИ ДИНАМИЧКИ НАЧЕЛА

  • Мирослав Пендароски МИТ универзитет, Факултет за психологија, Скопје

Abstract

Секоја практика која се занимава со одредена проблематика од
научно-апликативен аспект пред себе има низа предизвици,
потешкотии, проблеми. Во исто време, таа со себе носи низа
предности, специфичности, вредности и свои силни страни, особено
во поглед на одредена популација со која се занимава и која ја има за
себе како централна целна група. Па така и групната социјална
работа како чедо на психологијата на малата група и клиничката
психологија, од една страна, и типичната социјална работа и
поширокиот социјален супстрат, од другата страна, пред себе си
поставува мноштво предизвици, прашања, дилеми. Овој метод има
широка примена токму благодарејќи на својата дијалектична и
комплексна природа која во себе ја содржи мудроста на малата група
која овозможува индивидуален приод пред и во групата, а во исто
време со себе ја носи силата на поширокиот општествен концепт и
контекст на кој односната индивидуа припаѓа. Во таа специфична
ситуација на грижа како за индивидуата (без која групата ја губи
својата смисла) така и за поширокото влијание на нејзината работа и
дејството врз околината и општеството, воопшто, групната социјална
работа предничи во можноста од широка примена врз низа
проблематики, прашања, популации. Не попусто постојат мноштво
определби, класификации, категоризации на групната социјална
работа која секогаш во себе го носи никулецот на психосоцијалниот

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2015-11-02
How to Cite
Пендароски, М. (2015). ГРУПНА СОЦИЈАЛНА РАБОТА СО АДОЛЕСЦЕНТИ: НЕКОИ ДИНАМИЧКИ НАЧЕЛА. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 8(11/2), 87-108. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2415