Антидискриминирачката политика и правото на еднаков третман во европското и македонското законодавство

  • Наташа Богоевска Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје

Abstract

Во последниве години Европската Унија врши активно промовирање на правото на еднаков третман, како фундаментален принцип, кој се зема предвид при креирањето на сите политики. Со член 13 од Договорот од Амстердам во 1997 година, Унијата се стекна со овластување за преземање мерки за справување со сите видови дискриминација. Тоа претставуваше основа за градење стабилна антидискриминирачка легислатива која вклучува три директиви: (I) Директива 2000/43/EЦ, со која се забранува дискриминирачко постапување во областа на: вработувањето, обуката, образованието, социјалното осигурување, здравствената заштита, домувањето и пристапот кон јавните добра и услуги, без оглед на расното или етничкото потекло; (II) Директива 2000/78/EЦ во која се имплементираат принципите за еднаков третман во областа на вработувањето и професионалното занимање; (III) Директива 2004/113/EЦ за еднаков третман на жената и мажот во пристапот и обезбедувањето со добра и услуги. Активностите на Унијата за превенција и борба против дискриминација, како и евалуација на ефективноста на предвидените политики и усвоените практики се од-виваат во континуитет преку имплементација на низа стратешки документи, меѓу кои: Зелена книга за еднаквост и недискриминација во про-ширената Европска Унија (2004), Стратегија за недискриминација и еднакви можности (2005), Одлука за прогласување на 2007 година за европска година на еднакви можности за сите, Резолуција на Советот на Европската Унија (2007).

Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија има обврска за усогласување на своето законодавство со анти-дискриминирачката легислатива на Европската Унија. Тоа претставува дел од копенхагенските политички критериуми за членство. Во Република Македонија не постои општ закон за заштита од дискри-минација. Со одделни законски текстови парцијално се забранува дискриминирачко однесување во различни сектори и од страна на различни актери: здравство, образование, култура, социјална заш-тита, детска заштита, семејните односи, изборното законодавство, казненото законодавство, државната служба, органите на прогон и казнување, управната постапка, судските постапки, невладиниот сек-тор, политичките партии. Заради создавање комплетен систем на за-штита, согласно европските директиви, неопходно е донесување сис-темски закон со едноставна структура и јасна содржина, со што би се постигнала негова реална и ефикасна имплементација.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2009-07-01
How to Cite
Богоевска, Н. (2009). Антидискриминирачката политика и правото на еднаков третман во европското и македонското законодавство. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 2(3), 203-218. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2373