Ставови и гледишта на ССМ за системот на социјална заштита

  • Живко Митревски Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија

Abstract

Социјалната заштита и социјалното
осигурување се широки области кои
опфаќаат повеќе права за различни
групи на корисници. Во најголем дел
обезбедувањето на тие права се во
надлежност на државата и истите се
уредени со повеќе закони и подзаконски акти.
Од аспект на надлежностите на синдикатите, нивната улога и значење,
Сојузот на синдикатите на Македонија ја следи социјалната заштита во
рамките на своите програмски и статутарни определби.
По пат на социјален дијалог, ССМ е
вклучен во креирање на политиките
во различни сфери во државата, па
така и во сферата на социјалната политика, пред сé со активно учество
во донесување на законите од наведената област и нивната измена и
дополнување.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2011-12-01
How to Cite
Митревски, Ж. (2011). Ставови и гледишта на ССМ за системот на социјална заштита. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 4(8), 107-111. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2186