Осврт на влијанието на економската криза врз материјално-социјалната положба на работниците во металната, електроиндустријата и рударството во Македонија
Abstract
Глобалната економска криза во Македонија најте{ко го погоди секторот на рударството и преработувачката индустрија, а во нејзини рамки особено производството на метали, делови за автомобилската, електро и текстилната индустрија. Со падот на физичкиот обем на производството, почнувајќи од октомври 2008 година, работодавачите се одлучија за примена на различни мерки за намалуваwе на трошоците, а најчесто за намалување на бројот на вработени од деловни причини, примена на мерката „принуден одмор“, намалување на договорените износи на платите, надоместоците и додатоците на плата, итн. Овие мерки не можеа реално да придонесат за саканото намалување на вкупните трошоци, со оглед на релативно ниското учество на трошоците за трудот во структурата на вкупните трошоци во овие дејности, но придонесоа за влошување на материјално- социјалната положба на работниците. Глобалната криза ја погоди македонската економија во одреден обем, но нејзиното влијание на вложуваwето на материјалната и социјална положба на работниците и намалувањето на нивната куповна моќ, секако, влијае мултипликативно врз обемот на вкупните последици. Во овој осврт на влијанието на економскатата криза врз материјално-социјалната положба на работниците во металната, електроиндустријата и рударството се дава приказ на:
- Намалувањето на бројот на вработените во споменатите индустриски оддели и групи во последните 10 месеци;
- Социјалните, општествените и економските последици од намалувањето на вработените во овој дел од реалниот сектор;
- Движењето на примањата на вработените во истиот период;
- Куповната моќ на исплатените просечни плати на ниво на оддел/пододдел.
Тука е даден емпириски приказ заснован (покрај врз официјалните статистички показатели) врз сознанијата и информациите со кои располага Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија, во кој се организирани значителен дел од вработените во овие дејности.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.