„Провокативните“ девојчиња и „нечувствителните момчиња“: меѓуврсничко сексуално вознемирување и креирање полово нееднаква атмосфера во основните училишта

  • Николина Кениг доцент Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Филозофски факултет, Институт за психологија

Abstract

Основниот проблем на ова истражување е поврзан со утврдување на искуствата на момчињата и девојчињата (од 7. и 8. одделение) со сексуалното вознемирување на релација „ученици – ученици“. Вниманието се задржува и на идентификација на перцепцијата на
наставниците за застапеноста на испитуваните форми на меѓуврсничко сексуално вознемирување и на нивните атрибуции на причините
заради кои момчињата, односно девојчињата се жртви на истото.
Истражувањето е спроведено во 4 основни училишта – едно рурално и три урбани, на 187 ученици и 80 наставници. По извршената
анализа на податоците, добиени се следниве наоди: (а) девојчињата
се почесто жртва од момчињата, во пет, од деветте испитувани начини
на сексуално вознемирување; (б) момчињата не соопштуваат дека се
почесто жртва од девојчињата за ниту една форма на вознемирување;
(в) процентот на девојчињата кои репетитивно се жртва на вознемирување е повисок отколку процентот на момчињата со истото искуство; (г) седум, од девет форми на сексуално вознемирување, многу
почесто се вршат од страна на едно, или повеќе момчиња, отколку од
едно, или повеќе девојчиња; (д) наставниците, главно, имаат соодветна перцепција на дистрибуцијата на однесувањата кои имаат карактер
на сексуално вознемирување; (ѓ) според наставниците, причините за
тоа зошто на девојчињата и на момчињата им се случува да бидат жртва на вознемирување, се разликуваат во тоа што девојчињата не се соодветно облечени и во тоа што нивните врсници не се доволно
свесни дека тоа што го прават е вознемирување.
Опишаната состојба јасно сугерира дека девојчињата и
момчињата во основните училишта се во значително различна
позиција во однос на искуствата со различни форми на сексуално
вознемирување. Со оглед на тоа што училиштата се окружување
коешто родово е несензитивно, и средина каде што, речиси, не
се спроведуваат никакви превентивни, ниту интервентни мерки
насочени кон сексуалното насилство, девојчињата, воедно, се и
поранливи во однос на последиците од сексуалното вознемирување. 

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2009-06-01
How to Cite
Кениг, Н. (2009). „Провокативните“ девојчиња и „нечувствителните момчиња“: меѓуврсничко сексуално вознемирување и креирање полово нееднаква атмосфера во основните училишта. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 2(3), 245-264. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2125