Стигматизација на лица болни од шизофренија и на зависници од дрога и алкохол

  • Михајло Поповски М-р Катерина Наумова Институт за психологија, Филозофски факултет Универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје

Abstract

Стигматизацијата на лица со нарушено ментално здравје е
присутна кај голем дел од општата популација, вклучувајќи ги и студентите. Во овој труд се презентираат резултати од емпириско истражување на особеностите на стигматизацијата кај дел од студентската
популација, во однос на лица со различни нарушувања на менталното здравје, т.е. на лице болно од шизофренија, зависник од дрога и
зависник од алкохол. Резултатите од истражувањето, општоземено,
покажуваат дека студентите повеќе ги стигматизираат зависностите,
отколку шизофренијата. Појавата на зависностите тие ја објаснуваат
повеќе како последица на лична одговорност и вина, заради што кај
нив се јавува и поголемо чувство на лутина, поголем страв и поизразена склоност за избегнување контакти со зависници. Наспроти тоа,
студентите помалку ја припишуваат појавата и контролабилноста на
шизофренијата на внатрешни фактори и повеќе го сожалуваат лицето
болно од шизофренија. Но, сепак, сметаат дека тоа лице најмногу треба да биде социјално изолирано и присилено на лекување. Истражувањето откри дека кај студентите постојат и две спротивставени тенденции: од една страна, тие искажуваат подготвеност за помагање на
лицата со нарушено ментално здравје, а од друга страна, пак, кај нив
постои истакната тенденција за нивно дискриминирање.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2009-06-01
How to Cite
Поповски , М. (2009). Стигматизација на лица болни од шизофренија и на зависници од дрога и алкохол. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 2(3), 231-244. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2124