КЛУЧНИ СОЦИЈАЛНИ ИНДИКАТОРИ И ПОЛИТИКИ ЗА МЕРЕЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ

  • Пол Стабс Научен советник, Економски институт, Загреб
  • Маја Геровска Митев Институт за социјална работа и социјална политика, Филозoфски Факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј„

Abstract

Текстот ги анализира клучните социјални индикатори за мерење на си­ромаш­тијата и социјалната вклученост. Исто така, текстот ја нагласува разликата
меѓу индикаторите, одредниците и стандардите. Предмет на анализа се ин­дика­то­рите и политикити што најчесто се користат за мерење на човековиот напредок и благосостојба. За секој од нив се дава поширок осврт што ги опфаќа
историјата и актуелниот статус на инцијативата, поважните индикатори што се
применуваат, како и некои од предностите и недостатоците на индикаторите и
креирањето на политиките.
Авторите се одлучуваат за генерално објективни индикатори за дол­гороч­ните (системски) резултати. Тоа се должи на фактот што овој текст се за­нима­ва со социјалните индикатори што ги користат меѓународните агенции, како:
Европската Унија/ЕУРОСТАТ, УНДП, ОН, Меѓународниот монетарен фонд,
Свет­ската банка, како и ОЕЦД. Нивните индикатори најчесто се квантитативни,
обично изразени како однос или пропорција на односната популација. Се разби­ра, како такви, ваквите стапки укажуваат на агрегираната (вкупна) состојба
на луѓето, но малку, или ништо за квалитетот на нивниот живот. Авторите заклу­чуваат дека нагласокот на широк спектар на индикатори за резултатите,
без соодветно набљудување на влезните елементи во креирањето на по­ли­тики­те, може да ги запостави најважните прашања во однос на програмските
искуствени алтернативи.
Текстот, исто така, ја нагласува важноста од воведувањето на соодветни
стандарди за квалитет, како мост меѓу индикаторите за креирање на политиките
и квантитативните индикатори за мерење на резултатите.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2008-06-02
How to Cite
Стабс, П., & Митев, М. Г. (2008). КЛУЧНИ СОЦИЈАЛНИ ИНДИКАТОРИ И ПОЛИТИКИ ЗА МЕРЕЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 1(1), 20-33. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2101