МЕЃУНАРОДНИ И НАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА ЗАШТИТА И ПОСТАПУВАЊЕ СО НЕПРИДРУЖУВАНИ ДЕЦА

Автори

  • Сунчица Димитријоска Institute for Social Work and Social Policy, Faculty of Philosophy, Ss Cyril and Methodius Univeristy in Skopje , Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • Србољуб Д. Димитриjевиќ Pedagogical Faculty in Vranje, University of Niš, Serbia , Педагошки Факултет, Врање, Универзитет во Ниш, Србија

ДОИ:

https://doi.org/10.37509/socpol1612081d

Клучни зборови:

непридружувани деца, ранливоста на децата, национална и меѓународна регулатива и процедури за заштита

Апстракт

Проблематиката на непридружувани деца не е нова, иако нејзината актуелизација е од поново време, сооглед на сè поголемиот број деца кои се наоѓаат на маргините на глобалното општество и кои се изложени на сè посурови форми на злоупотреба и експлоатација.Во пракса непридружуваните деца најчесто се среќаваат и идентификуваат како: криумчарени мигранти, жртви на трговија со луѓе, баратели на азил, странски малолетни државјани кои влегле легално иостанале без придружба на територијата на Република Македонија. Предмет на оваа анализа е: дефинирањето на непридружуваните деца де јуре и де факто, како и утврдување на стандардите за заштита на оваа категорија деца кои не ретко поради нивната ранливост се цел на експлоатација на високоорганизираните криминални групи. Во меѓународни и домашни рамки постојат мал број на статистички податоци, академски публикации, истражувања и други извори на информации кои ја обработуваат темата на непридружуваните деца. Оваа анализа има за цел првенствено да го отвори прашањето нанепридружуваните деца и степенот на нивната ранливост, да даде осврт на постоечката национална и меѓународна регулатива, како и на процедурите за заштита кои постојат во земјава, но и да даде препораки за унапредување на системот за заштита на непридружуваните деца и насоки за усогласување со меѓународните стандарди онаму каде што е потребно.

Преземања

Објавено

2016-12-01

Како да се цитира

МЕЃУНАРОДНИ И НАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА ЗАШТИТА И ПОСТАПУВАЊЕ СО НЕПРИДРУЖУВАНИ ДЕЦА. (2016). Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 9(12), 81-116. https://doi.org/10.37509/socpol1612081d

Најчитани трудови од истиот автор(и)