Континуирано образование и надминување на социјалната исклученост на старите лица

Автори

  • Сунчица Димитријоска , Институт за социјална работа и социјална политика Филозофски факултет

Клучни зборови:

стари лица, континуирано образование и социјална исклученост

Апстракт

Во трудот се прави анализа на континуираното образование на старите
лица во однос на: потребата, покриеноста, достапноста, обезбедениот
квалитет, пречките во остварување на она што е дефинирано со
законите во системот на образование.
Образованието на стари лица треба да доведе до значаен напредок
во однос на искоренување на сиромаштијата и надминување на проблемите на старите лица во системите на: социјална заштита, пазарот
на трудот/невработеноста, здравствената заштита, што доведува до
натамошно социјално исклучување. Разликите во образованието на
старата популација се извор на статусните разлики во подоцнежниот
живот. Исклученоста на старите од континуираното образование е посебно изразена кај оние со незавршено основно, односно средно образование, посиромашните и лицата од руралните средини. Со ова се
отвора простор за натамошно исклучување на старите лица.

Преземања

Објавено

2022-08-01

Како да се цитира

Континуирано образование и надминување на социјалната исклученост на старите лица. (2022). Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 4(7), 43-51. https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2165