Дали влијанието на социјалните трансфери навистина е значајно?

  • Љиљана Пејин Стокиќ Економскиот институт, Белград, Србија
Клучни зборови: Сиромаштија, подобност, животен стандард, финансиски трансфери

Апстракт

Во последните десет години, Српската влада двапати ги измени своите две основни легислативи поврзани со социјалните трансфери, во 2004 и 2011 година. Вредноста на социјалните трансфери беше зголемена и беше воведено покривање на дополнителни ранливи групи. Двата главни социјални трансфери во Србија се: семејната финансиска поддршка и детскиот додаток, улогата на првиот е поддршка за семејствата чиј приход е под минималното егзистенцијално ниво, а улогата на вториот е променета од инструмент за демографски поттик во оној кој има исклучително социјална улога, како финансиска поддршка за семејствата со нискип риходи, кои имаат деца. Трудот го истражува реалното влијание на овие промени врз таргетирано население и проучува дали се постигнати прокламираните цели. Основното прашање е како носителите на одлуки гледаат на овие два социјални трансфери, дали ги сметаат за значаен инструмент за подобрување на социјалната вклученост на ранливото население или имаат повеќе бирократски пристап, при што трансферите претставуваат само наследна нормативна мерка со која Владата ја покажува својата загриженост за загрозеното население. Ова прашање е тесно поврзано со прашањето на перцепција на политиката на социјална инклузија и нејзиното место во современата социјална политика во Србија. Трудот ги презентира наодите на расположивите анализи за влијанието на воведените нормативни измени, дава преглед на моменталната социјална политика и обрнува внимание на недостигот на интерес на претставниците на власта за мониторинг и евалуација на влијанието на новото законодавство.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2013-08-05