English

Автори

  • Elizabeta Tomevska-Iliveska Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Martina Trajkovska
  • Marija Krstanoska SUGS „Georgi Dimitrov“, Skopje

Клучни зборови:

дидактичко-методички наставни материјали, наставен предмет, Македонски јазик

Апстракт

Наставните материјали се ресурси што наставникот специјално ги дизајнира за
поддршка на наставниот процес и претставуваат ресурс кој има улога на водич за
остварените цели и реализирани наставни содржини, а се во функција на подобрување
на процесот на учење.Целта на овој труд е насочена кон испитување на методичката,
методолошката и докимолошката структура на наставните материјали кои се приме-
нуваат и креирање на современи дидактичко-методички наставни материјали во на-
ставата по Македонски јазик. Со истражувањето се прави содржинска и структурална
анализа на наставните материјали коишто се користат од прво до трето одделение
во наставата по Македонски јазик. Врз основа на добиените резултати се пристапу-
ва кон дидактичко-методичкото дизајнирање на современи наставни материјали. Во
анализата на наставните материјали се опфатени вкупно 150 наставни материјали за
програмските подрачја по Македонски јазик. Од анализата на наставните материјали
за програмските подрачја Почетно читање и пишување и Јазик, се заклучува дека при
дизајнирањето на наставните материјали не се почитуваат целосно дидактичко-мето-
дичките, докимолошките и методолошките принципи и крајните заклучоци укажуваат
на потребата од осовременување на истите по наставниот предмет Македонски јазик.
Заклучоците упатуваат дека соодветните наставни материјали и нивната честа
употреба го подобруваат процесот на учење, индивидуалниот развој и квалитетот на
наставата. Се нагласува и улогата на наставните материјали кои го зајакнуваат настав-
ниот процес и обезбедуваат поголема објективност при формативното и сумативното
следење, вреднување и оценување на учениците. Истражувањето резултира со дизај-
нирање на современи дидактичко-методички наставни материјали според дидактич-
ко-методички, докимолошки, методолошки принципи и со графичко-технички и илу-
стративно-естетски елементи, согласно возраста на учениците.

Референци

Објавено

2024-12-16