АНАЛИЗА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ ЗА КОРЕЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОД ДИЈАХРОНИСКИ И СИНХРОНИСКИ АСПЕКТ

  • Maksim Karanfilovski Филолошки факултет „Блаже Конески“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија
  • Radica Nikodinovska Филолошки факултет „Блаже Конески“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија
  • Spas Rangelov Филолошки факултет „Блаже Конески“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија

Povzetek

Од анализата може да се констатира дека постојат мал број извори, од дијахрониски аспект, во архивите на Р. Македонија, кои се однесуваат на Кореја. Тоа се должи на фактот што Македонија беше дел од поголема држава во која политичкиот, образовен и културен центар - главниот град - не се наоѓаше во Македонија. Од нејзината независност во 1991 година, Македонија покажа интерес за развивање на контакти и врски со Кореја, посебно со Јужна Кореја (Република Кореја). Но, медиумите, како печатените така и електронските, немаат свои дописници во Кореја и ги преземаат информациите од поголемите светски новински агенции, честопати погрешно преведени поради недоволното познавање на Кореjа и на корејските општество и цивилизација. Националната и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ - Скопје, располага со 219 наслови за Кореја, собрани во текот на повеќе години. 12 од тие наслови се објавени во Македонија, на македонски јазик. Токму тие се предмет на анализа на овој труд. Со развојот на Интернетот и на информатичките технологии, пристапот до материјали за Кореја е прилично зголемен, но сè уште обемот на материјали на македонски јазик е на незадоволително ниво. Со воспоставувањето и со развојот на Корејските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се зголеми и пристапот кон висококвалитетен материјал за Кореја. 

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.
Objavljeno
2019-10-25
Kako citirati
Karanfilovski, M., Nikodinovska, R., & Rangelov, S. (2019). АНАЛИЗА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ ЗА КОРЕЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОД ДИЈАХРОНИСКИ И СИНХРОНИСКИ АСПЕКТ. Filološke Pripombe, 12(2), 523-543. Pridobljeno od https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/471
Rubrike
Sodobna družba v kulturi, jeziku in književnosti