АМБИВАЛЕНТНОСТА НА МОТИВОТ НА ЗМИЈАТА

  • Jasmina Mojsieva-Gusheva Институт за македонска литература Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија

Povzetek

Трудот се занимава со семантичкото проучување на мотивот на змијата, во одделните митолошки преданија, фолклорни верувања, обреди, сонови и во литературни остварувања, промовирајќи низ практиката мноштво различни гледишта и амбивалентни толкувања. Неговото присуство го проследуваме започнувајќи од архаичните општества во кои овој мотив има забележително митско-религиозно значење. Она што е особено важно во тој контекст е тоа што тој одново вистински се доживува преку обредите, преку кои, според М. Елијаде (Elijade,1970:14), се настојува да се објаснат одделни загадочни прашања за човековото постоење, меѓу другото, како настанал човекот, како да се заштитиме од злото и да го продолжиме нашиот вид. Денес, многу видни етнолози, антрополози, митолози, психолози, настојуваат од различни агли да ја откријат семантиката и смислата на архетипот на змијата. Во нивните обиди за толкување се покажало дека змијата зазема едно од доминантните места, кога станува збор за толкувањето на двата основни принципи на човештвото (духот на создавањето и на спознанието). Иако од аспект на секојдневното живеење, на змијата се гледа како на остаток од минатото, како на „света приказна“ што го изгубила своето значење, или како на надмината етапа во развитокот на човековата мисла, научниците и културолозите, сепак, овој мотив го третираат со посебен интерес. Тие му придаваат големо значење, пред сè, поради неговото забележително присуство во литературата и во другите современи форми на духовни остварувања. Тоа, секако, говори за непроценливото значење на овој мотив во напорот да се разбере човекот во својата целост.

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.

Literatura

Афанасьев, А.1868. Поэтические воззрения Славян на природу. Москва.
Aeppli, Ernst.1967. San i tumačenje snova. Matica hrvatska:Zagreb.
Biblija. 1969. Stvarnost: Zagreb.
Вражиновски, Танас. 2000. Речник на народната митологија на Македонците.
Институт за старословенска култура и Матица македонска: Скопје.
Гилгамеш. 1977. Македонска книга: Скопје.
Grevs, Robert.1974. Grčki mitovi. Nolit: Beograd.
Дарвин, Чарлс. 1931.Човеково порекло. Издавачка књига Геце Кона: Београд.
Eliade, Mircea. 1970. Mit i zbilja. Matica hrvatska: Zagreb.
Erman, V.G. Temkin E.N. 1981. Mitovi stare Indije. Rad: Beograd.
Зечевиќ, Слободан. 1981. Митска бића српских предања. Вук Караџић:
Београд.
Jung, Karl Gustav. 1973. Čovek i njegovi simboli. Mladost: Zagreb.
Јунг, К.1977. О психологији несвесног. Матица српска: Београд.
Кјеркегор, С. 1970. Појам стрепње. Српска књижевна задруга: Београд.
Колушиќ, Ш., Пантелиќ Н., Петровиќ П. 1970. Српски митолошки речник.
Нолит: Београд.
Morris, Desmond. 1970. Goli majmun. Epoha-Matice hrvatska: Zagreb.
Наневски, Душко. 1982. Раѓање на метафората. Мисла: Скопје.
Пенушлиски, Кирил. 1968. Обредни и митолошки песни. Македонска книга:
Скопје.
Пољске бајке. 1974. Народна књига: Београд.
Pongresa, M.,Sander I., 1970. Carstvo snova. Naprijed: Zagreb.
Robinson, H., Vilson K. 1976. Mitovi i legende starih naroda. Rad: Beograd.
Тојнби, А.1970. Истраживања историје том 1. Просвета: Београд.
Фольклор и этнография. 1977. Сборник. Наука: Ленинград.
Frankfort, H. Vilson, H. A. Франкфорт, Х. и Х. А. Вилсон, Џ. Јакобсон, Т. 1976.
Od mita do filozofije. Minerva: Subotica
Frejzer, Džjeims Džordž.1977. Zlatna grana. Beogradski izdavačko-grafički zavod:
Beograd.
Fromm, Eruh. 1970. Zaboravljen jezik. Matica hrvatska: Zagreb.
Цепенков, М. 1972. Народни приказни. Македонска книга: Скопје.
Чаусидис, Никос. 2005. Космолошки слики (Симболизација и митологизација
на космосот во ликовниот медиум). вол.1. Југореклам: Скопје.
Objavljeno
2019-10-24
Kako citirati
Mojsieva-Gusheva, J. (2019). АМБИВАЛЕНТНОСТА НА МОТИВОТ НА ЗМИЈАТА. Filološke Pripombe, 12(1), 144-156. Pridobljeno od https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/445
Rubrike
Jezik v zgodovinsko-kulturološkem kontekstu