РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ЖЕНАТА УМЕТНИК НИЗ КНИЖЕВНАТА И ФИЛМСКАТА ВИЗУРА НА СЛАВЕНКА ДРАКУЛИЌ И ЏУЛИ ТЕЈМОР

  • Ана Јовковска Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Северна Македонија

Povzetek

Културните практики, под чиј широк спектар би можеле да ги категоризираме: медиумите, книжевноста, филмот, рекламите и уметноста, се огледало во кое се отсликува состојбата во општеството. Тезата би можеле да ја свртиме и обратно, културната матрица и вредностите во општеството се создаваат, се зацврстуваат или се поткопуваат низ формите на репрезентација во популарната култура, уметност и литература. Исклучително е важно да го поставиме прашањето за реперезентацијата на современата жена во популараната култура, или, поконкрено, какви се родовите перспективи што се втемелуваат и се разнебитуваат низ филмската и низ книжевната визура на жената уметник. Овој труд ќе ги истражува процесите на кодирање и на декодирање на родовите стереотипи низ портретирањето на една од најпознатите жени уметници на дваесетиот век, мексиканската сликарка Фрида Кало (Frida Kahlo). За таа потреба ќе направиме компаративна анализа на две дела за Кало – филмот „Фрида“ (2002), во режија на Џули Тејмор, со Селма Хаек и Алфред Молина во главните улоги и романот „Фрида или за болката“ (2008) на хрватската авторка Славенка Дракулиќ, преведен од хрватски на македонски јазик од Александар Прокопиев. Низ промислувањата за телесноста, како извор на женското искуство, од една страна, и женското творештво во сенката на патријархалната култура, од друга страна, всушност, ќе се обидеме да ги преиспитаме нормираните родови улоги во општеството и сексистичките уметнички диоптрии, кои неминовно водат до дискриминација и родова нееднаквост.

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.

Literatura

Дамчевска, Весна. (2013). Од собата до Холивуд. Скопје: Зојдер [Damčevska, Vesna. (2013). Od sobata do Holivud [From the Room to Hollywood. Skopje: Zojder]. (In Macedonian.)

Дракулиќ, Славенка. (2008). Фрида или за болката. Скопје: Икона [Drakuliḱ, Slavenka. (2008). Frida ili za bolkata [Frida' s bed. Skopje: Ikona]. (In Macedonian.)

Мартиноска, Ана. (2018). Културна фабрика – Огледи за родот, градот и популарната култура. Скопје: ИМЛ [Martinoska, Ana. (2018). Kulturna fabrika – Ogledi za rodot, gradot i popularnata kultura [Cultural Factory - Essays on City, Gender and Popular Culture. Skopje: IML]. (In Macedonian.)

Мартиноска, Ана. (2021). Книжевноста низ критичка визура. Скопје: ИМЛ [Martinoska, Ana. (2021). Kniževnosta niz kritička vizura [Critical Perspective of Literature. Skopje: IML]. (In Macedonian.)

Саџани, Решма. (2019). Храбри наместо совршени. Скопје: Арс Либрис 2020 [Sadžani, Rešma. (2019). Hrabri namesto sovršeni [Brave not perfect. Skopje: Ars Libris (2020)]. (In Macedonian.)

Стојменска-Елзесер, Соња. (2013). Македонските биографикации во релација со холивудскиот биопик. Скопје: Мираж – електронско компаратистичко списание [Stojmenska-Elzeser, Sonja. (2013). Makedonskite biografikacii vo relacija so holivudskiot biopik [Macedonian Biographies in Relation to the Hollywood Biopic. Skopje: Miraz]. (In Macedonian.)

Џепароски, Иван. (2007). Аспекти на другоста. Скопје: ЕВРО БАЛКАН Пресс [Džeparoski, Ivan. (2007). Aspekti na drugosta [Aspects of Otherness. Skopje: EVRO BALKAN Press]. (In Macedonian.)

Objavljeno
2022-11-19
Kako citirati
Јовковска, А. (2022). РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ЖЕНАТА УМЕТНИК НИЗ КНИЖЕВНАТА И ФИЛМСКАТА ВИЗУРА НА СЛАВЕНКА ДРАКУЛИЌ И ЏУЛИ ТЕЈМОР. Filološke Pripombe, 20(2), 30-44. Pridobljeno od https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/1729
Rubrike
Jezik v zgodovinsko-kulturološkem kontekstu