ТРАУМАТА И НЕЈЗИНОТО АРТИКУЛИРАЊЕ ВО ПОЕТСКАТА ЗБИРКА ПРЕМРЕЖЈА ОД СИМОНА ГРУЕВСКА-МАЏОСКА
Аннотация
Книжевните студии на траумата (Literary trauma studies), својот истражувачки фокус го ставаат на начините на кои личното искуство се трансформира во книжевно дело и на улогата, која, во тоа преобликување го играат јазикот и меморијата. Поезијата, со: својата елиптичност, симболиката и синтаксичките синкопи, може да ги долови најсуптилните нијанси на трауматските искуства и со нивна помош да го изрази преку зборови она што првично е неискажливо во траумата. Овој текст ги анализа песните од стихозбирката Премрежја од Симона Груевска-Маџоска, применувајќи ги најновите сознанијата од полето на културолошките и на книжевните студии поврзани со траумата.
Скачивания
Copyright (c) 2024 Goce Smilevski
Это произведение доступно по лицензии Creative Commons «Attribution-NonCommercial-NoDerivatives» («Атрибуция — Некоммерческое использование — Без производных произведений») 4.0 Всемирная.
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License