РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТРАУМАТА ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО 1963 ГОДИНА ВО ТАЖАЧКИТЕ ПЕСНИ СОБРАНИ ОД ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ
Аннотация
Трудот се базира на новообјавените тажачки песни од
скопскиот земјотрес во 1963 г. од архивските материјали на Васил
Хаџиманов и има за цел да ја прикаже репрезентацијата на траумата
од скопскиот земјотрес како значајна мемориска одредница на нашиот
колективен идентитет. Тажачките песни на Хаџиманов покажуваат како
во македонската народна култура се манифестира присуството на трау-
мата и какви се импликациите од катастрофалниот земјотрес во фолклор-
ното паметење на непосредните сведоци на еден од клучните трауматски
настани од историјата на градот и на земјата. Во трудот се прикажува
значителните тематски и мотивски разлики на овие со претходните
записи на македонски тажачки песни и се анализираат репрезентациите
на траумата, предизвикана од природната катастрофа, која донела нена-
дејна смрт на огромен број жртви. Во нив се прикажуваат бројни детали
од биографијата на жртвите, кои зборуваат за нивниот живот пред тра-
уматскиот настан и истовремено претставуваат опис на општествената
стварност како временски, просторен и историски сетинг во кој се одвива
траумата. Со вакво реконструирање на настанот, индивидуалното стра-
дање се претопува во колективната траума.
Скачивания
Copyright (c) 2024 Ana Martinoska, Zarko Ivanov
Это произведение доступно по лицензии Creative Commons «Attribution-NonCommercial-NoDerivatives» («Атрибуция — Некоммерческое использование — Без производных произведений») 4.0 Всемирная.
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License