ОКОЛУ КЛАСИФИКАЦИЈАТА НА УСЛОВНИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Апстракт
Целта на овој труд е да се утврдат доминантните модели на класификација на условните периоди во македонскиот јазик предложени во студиите посветени на оваа проблематика. Студијата се осврнува на неколку клучни концепти поврзани со условните периоди и на критериумите за класификација на овие конструкции. Даден е општ преглед на анализираните студиите со осврт на третираните теми и опсегот на описот на системот на македонските условни периоди. Вториот дел на трудот се задржува на сличностите и на разликите меѓу анализираните двојни и тројни модели, како и на насоките во кои би можеле да се движат идните истражувања на условните периоди во македонскиот јазик.
Downloads
Референци
Бојковска, Стојка. Минова-Ѓуркова, Лилјана. Пандев, Димитар. Цветковски, Живко. 2008. Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: Просветно дело.
Гајдова, Убавка. 2008. Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Гајдова, Убавка. 2014. „Да-конструкциите во протазата и аподозата на условниот период.во: Субјунктив со посебен осврт на македонските да-конструкции. Зузана Топољинска (уредник). Скопје: ИЦАЛ: 62-77.
Гајдова, Убавка. 2015. „Од проблематиката на да-конструкциите во македонскиот јазик“ во XLI Меѓународна научна конференција на XLVII Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 14-15 јуни 2014). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. 115-121.
Хакинг, Џејн. 1997. „Англиски и македонски условни реченици“. во Трет научен собир на млади македонисти. Цветковски, Живко. Марковиќ, Марјан. Велева, Славица (уредувачки одбор). Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“. 333-339.
Марш-Стефановска, Патриша. 1990. „Семантичките функции на условните реченици во современиот македонски јазик“. во XVI Научна дискусија (Охрид, 14-16 август 1989 година). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. 53-62.
Минова-Ѓуркова, Лилјана. 1990. „Неколку белешки во врска со условните реченици во македонскиот јазик“. во XVI Научна дискусија (Охрид, 14-16 август 1989 година). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. 91-95.
Минова-Ѓуркова, Лилјана.1997[1967]. „Сврзникот ако во македонскиот јазик“. во Сврзувачки средства во македонскиот јазик. Минова-Ѓуркова, Лилјана. Скопје: Детска радост. 101-150. Првпат објавено во Македонски јазик XVIII: 111-140.
Минова-Ѓуркова, Лилјана. 1997[1968]. „Повторување на сврзникот ако во реченицата“. во Сврзувачки средства во македонскиот јазик. Минова-Ѓуркова, Лилјана. Скопје: Детска радост. 151-156. Првпат објавено во Литературен збор XV/3: 13-16.
Минова-Ѓуркова, Лилјана. 1997[1969a]. „Условните сврзници во македонскиот јазик“. во Сврзувачки средства во македонскиот јазик. Минова-Ѓуркова, Лилјана. Скопје: Детска радост. 157-165. Првпат објавено во Литературен збор XVI/4-5: 14-18.
Минова-Ѓуркова, Лилјана. 1997[1969b]. „Начини на изразување на условноста во македонските народни пословици“. во Сврзувачки средства во македонскиот јазик. Минова-Ѓуркова, Лилјана. Скопје: Детска радост. 175-192. Првпат објавено воМакедонски фолклор II/3-4: 181-193.
Минова-Ѓуркова, Лилјана. 1997[1969c]. „Преглед на условните сврзници во делата на Ј. Крчовски и К. Пејчиновиќ“. во Сврзувачки средства во македонскиот јазик. Минова-Ѓуркова, Лилјана. Скопје: Детска радост. 166-174. Првпат објавено во Македонски јазик XX: 157-161.
Минова-Ѓуркова, Лилјана. 1994. Синтакса на македонскиот стандарден јазик. Скопје: Радинг.
Минова-Ѓуркова, Лилјана. 1997. Сврзувачки средства во македонскиот јазик. Скопје: Детска радост.
Мишиќ, Мирка. 1975. Изразување на условноста во македонскиот и англискиот јазик. Магистерска дисертација. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Мишиќ, Мирка. 1990. „Носители на условноста во македонските зависно-независни условни реченици“. во XVI Научна дискусија (Охрид, 14-16 август 1989 год.). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. 85-90.
Велјановска, Катерина. 1988. „Условните зависносложени реченици во расказите и романите на Ѓорѓи Абаџиев“.Годишен зборник XIV: 59-62.
Athanasiadou, Angeliki. Dirven, René (eds.). 1997. On conditionals again. Amsterdam: John Benjamins.
Hacking, Jane F. 1997.Coding the Hypothetical: a Comparative Typology of Russian and Macedonian Conditionals. Amsterdam: John Benjamins.
Ivanovska-Naskova, Ruska. 2011. I costrutti condizionali nel corpus parallelo Italiano-Macedone Italmac. Tesi di dottorato. Bari: Università degli Studi di Bari “Aldo Moro”.
Ivanovska-Naskova, Ruska. 2012. “Classificazione dei costrutti condizionali.”Godišen zbornik38: 339-346.
Ivanovska-Naskova, Ruska. 2014. “I connettivi condizionali nell’italiano e nel macedone: analisi contrastiva attraverso un corpus parallelo”. InAtti del XIII Congresso della SILFI (Palermo, 22-24 settembre 2014). Macaluso, Francesco Paolo (ed.). Palermo: Centro di studi filologici e linguistici siciliani.
Ivanovska-Naskova, Ruska. Samardžić. Mila. (во печат). “La codificazione della controfattualità nell’italiano, nel macedone e nel serbo.” Linguistica e filologia.
Kramer, Christina. 1984. “Analytic Modality in Literary Macedonian”. In Proceedings of the 5th International Congress of Southeast European Studies, Columbus: Slavica. 262-275.
Kramer, Christina. 1986.Analytic Modality in Macedonian. Munich: Verlang Otto Sagner.
Kramer, Christina. 1988. “Towards a Comparison of Conditionals in Bulgarian, Macedonian and Albanian.” Makedonski jazikXXXVII: 263-270.
Kramer, Christina. 1989. "The Intersection of Mood and Status". Zeitschrift für Balkanologie25/2: 140-153.
Kramer, Christina. 1992. “Analytic Modality in Balcan Slavic”. Indiana Slavic Studies Vol. 8: 113- 122
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.