БОЖЕСТВЕНАТА МАЈКА И КВАЛИТЕТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ПОВИСОК СТАТУС: МУДРОСТ, СИЛА, ХАРМОНИЈА, ПЕРФЕКЦИЈА
Апстракт
Патријархатот создаде вредносен систем кој постојано генерира меѓучовечки односи и општествени системи засновани на дискриминација. Во суштината на проблемот е дисхармонијата меѓу женскиот и машкиот принцип. Поимите „маж“ и „жена“ не се граделе врз искуството на подлабок увид во божествената креација во која двата принципи се во хармонија, во испреплетување и фузија на повисоко рамниште, туку врз основа на конструкција на предрасуди и проекции. Феминизмот не треба да се сфати само како борба за ослободување на жената туку и за ослободување на мажот за влез во повисок статус. Моралните квалитети како грижата, заедништвото, соработката, довербата, солидарноста, растежот, подигањето, негувањето, заштитата, закрилата, го ткаат новото ткиво на текстурата во односите кои добиваат сè поголемо значење. Прифаќањето на етиката на грижа и мајчинската етика е начинот како да се трансформира општеството, а и природата да се „ослободи“ од беспоштедната експлоатација, за да се преобрази планетата Земја во убаво место за живеење за овие и за следните генерации.
Downloads
Референци
Sri Aurobindo. 2005. The Life Divine. Pondicherry: Sri Aurobindo Ashram Press.
Sri Aurobindo. 1992 . The Mother. Pondicherry: Sri Aurobindo Ashram Press.
Sri Aurobindo. 1992. Dictionary od Sri Aurobindo`s Yoga (compiled by M.P. o Pandit). Twin Lakes, WI.,USD: Lotus Light Publications.
Bahovec , Eva. 2001. Egzistencijalistički feminizam. vo Malojević I. & S.Markov o (ur.) Uvod u rodne teorije. Novi Sad: Mediteran Publishing.
Бојаџиева, Маја. 2002. Имагинарни жени: излегување од сенката. во К.
Колозова (ур.) Истражувања од областа на родовите студии“ (Зборник- Том o 1). Скопје: Евро-Балкан Прес.
Гешоска, Искра. 2018. Гласот на сенката (1) (оглед за македонската жена). o https://okno.mk/node/70295 (пристап 19.03.2018).
Zahariević, Adrijana. 2001. Radikalni feminizam. vo Malojević I. & S.Markov (ur.) o Uvod u rodne teorije. Novi Sad: Mediteran Publishing.
Иригаре, Лис. 2003. Спекулум на другата жена/ Спекулум: Незаобиколниот o волумен, во К.Колозова (ур.) Хрестоматија на класични текстови од областа на родовата теорија. Скопје: Евро Балкан прес.
Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2017. Женскиот принцип во библискиот и во o раскажувачкиот корпус на средновековната македонска литература. во IX Macedonian-North American Conference on Macedonian Studies, The University of Chikago, USA, 12-14 November 2015. Balcanistica (Volume 30:2).
Јачева – Улчар, Елка. 2002. Третманот на жената во народниот живот и во o народната книжевност на Македонија. во К. Колозова (ур.) Зборник : Истражувања од областа на родовите студии ( Том 1). Скопје: Евро –Балкан Пресс.
Камџијаш, Светлана. 2016. Ерос во спиралата меѓу сиромаштијата и o изобилието. во За Љубовта - Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „За љубовта“. Ј.Мојсиева-Гушева & Е.Џукеска (ур.). Скопје: Здружение за компаративна книжевност на Македонија & Здружение на класични филолози „Антика“. o (https://zkfmantika.wixsite.com/zkfmantika/blog/category/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%B8)
Капра, Фритјоф. 1999.Тао на физиката. Прев. Драган Јакимовски. Скопје: o Табернакул.
Маљевич, Kазимир. 1996. Бог није збачен. прев. Петар Ћуковић. Подгорица: o ALETHEIA.
Мојсиева-Гушева, Јасмина. 2013. Мајчинството како парадигма за безгранична o љубов, во Филолошки студии 11/2013 Avelable at: http://philologicalstudies.org
Ouspensky, P.D. (Pjotr Dimitrievich). 1922. Tertium Organum – The third cannon o of thought (A key to the enigmas of the world).
Trans. Nicholas Bessaraboff & Claude Bragdon. 2nd ed. New York: Alfred A. Knopf.
Поп-Дучева, Светлана. Женските морални искуства како основа на o современите етички пристапи во традиционалнатазападна етика. Докторска дисертација при УКиМ во Скопје.
Popović, Dragana. 2001. Rod i ekologija. vo Malojević I. & S.Markov (ur.) Uvod u o rodne teorijе. Novi Sad: Mediteran Publishing.
Ќулавкова, Катица. 2003. За необичноста на фалусот или женското меѓу o илузијата и делузијата, во К.Колозова (ур.) Хрестоматија на класични текстови од областа на родовата теорија. Скопје: Евро Балкан прес.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.