ТЕРМИНОЛОГИЗИЦИЈА, РЕТЕРМИНОЛОГИЗАЦИЈА И ДЕТЕРМИНОЛОГИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК
Апстракт
Во овој трудот се покажуваат процесите терминологизација, ретерминологизација и детерминологизација во македонскиот стандарден јазик. Истражувањето има квалитативна парадигма и дескриптивен дизајн. Примерокот го сочинуваат лексички единици од општиот јазик, како и од различни научни и технички области, ексцерпирани од секојдневните интеракции на зборувачите на македонскиот јазик. Од методите за обработка на податоците и за донесување заклучоци се употребуваат анализа, компарација и синтеза. Истражувањето ги покажува семантичките и граматичките потенцијали на анализираните лексички единици што се јавуваат како резултат на веќе споменатите процеси.
Downloads
Референци
Ванко, Алекс. 4.5.2016. Шарената лага и абортираниот ум. puls24.mk. http://bit.ly/2HyR0fl, 10.3.2017
Ванковска, Билјана. 10.7.2017. Абортирана револуција. no¬va¬ma¬ke¬do¬ni-ja¬.¬com.¬mk.¬ http://bit.ly/2GtiDY9, 8.11.2017
Героски, Бранко. 22.4.2017. Македонија абортирана. slobodenpecat.mk. http://bit.ly/2Dt4U03, 10.11.2017
Димитровски, Зоран. 4.5.2017. Има ли руска врска во крвавиот четврток? fo¬kus.¬mk. http://bit.ly/2tRrW1g, 10.11.2017
Гроздановски, Тамара. 2.8.2016. Како до најсигурна лозинка за Вашиот про¬фил?¬ fakulteti.mk. http://bit.ly/2Fpposp, 10.3.2017
Новевска, Христина. 25.2.2017. Агонија на железничарите. 24vesti.mk. http://bit.ly/2Ht6Ckw, 20.4.2017
П., Д. 4.8.2015. Не Ви се допаѓа Windows 10: Вака може да се вратите на ста¬ри¬от систем. kajgana.com. http://bit.ly/2HdLgaV, 31.7.2017
Попова, (превод). 10.10.2014. Кон што се движат студентските протести 2014 – И¬ зошто те засега тоа? mojotgrad.com. http://bit.ly/2HAZqTo, 21.4.2017
По¬повски, Ристо. 30.5.2013. Абортиран самит. civil.org.mk. http://bit.ly/2tLs7ex, 8.¬2.2017
С., А. 28.6.2017. Нова хакерска уцена. Откуп од 700 000 евра за „одмрзнување“ нук¬леарни централи, аеродроми, банки. kajgana.com. http://bit.ly/2FCzRRr, 1.¬8.¬2017¬
Колачиња за пребарување. Европски младински портал. europa.eu. http://bit.ly/2G6phTJ, 8.3.2018
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. civilmedia.mk. http://bit.ly/2G8D3FJ, 8.3.2018
Црвен крст на РМ. Политика на приватност. ckrm.org.com. http://bit.ly/2HclWlE, 6.3.2018
28.6.2015. Алармантно! Балканот под удар от на „Chemitrails“! Не прскаат со ави¬он, а никој ништо не презема. falanga.com.au. http://bit.ly/2GAKoxU, 16.¬3.¬2017¬
9.2.2016. Google Chrome ќе штити од лажните download копиња. gsm.mk. http://bit.ly/2Flvuds, 31.7.2017
26.10.2016. Кој ми стави вирус во поштенското сандаче? pravdiko.mk. http://bit.ly/2FDgqIj, 12.3.2017
30.7.2016. Русија: Откриен компјутерски вирус за шпионажа. sitel.com.mk. http://bit.ly/2DmHb1F, 12.3.2017
15.3.2017. Внимавајте – нови уреди се веќе инфицирани со вируси. fa-lan¬ga.¬com.¬au. http://bit.ly/2FDdRWH, 30.3.2017
30.3.2017. Ја видовте ли новата икона на Фејсбук? reporter.mk. http://bit.ly/2DnhXQJ, 21.4.2017
24.4.2017. Со огромно мнозинство гевгеличани кажаа НЕ за рудници на Ко¬жуф.¬ vecer.mk. http://bit.ly/2DBtJaq, 5.5.2017
23.5.2017. Се појави нов компјутерски вирус, кој е и позлобен од Wannacry. lo¬kal¬no.mk. http://bit.ly/2paZl1h, 22.6.2017
29.5.2017. Информации за пензиските фондови на www.penzija.mk. si-tel.¬com.¬mk.¬ http://bit.ly/2FsIMYW, 6.8.2017
5.6.2017. Компјутерот бавно работи – направете го само ова и ќе биде двојно по¬брз. sitel.com.mk. http://bit.ly/2pfaRZq, 6.8.2017
23.8.2017. Трамп на гробишта, Тилерсон во оган. vecer.mk. http://bit.ly/2IqJPHp, 13.¬9.2017
21.9.2017. Кои ѕвезди се магнет за вируси на интернет? gsm.mk. http://bit.ly/2Gk9gd0, 30.12.2017
3.12.2017. „Се е исто само него го нема“. vecer.mk. http://bit.ly/2FV5MQm, 30.¬12.¬2018
29.12.2017. Најпопуларната лозинка во 2017 година. popularno.mk. http://bit.ly/2Fpq3tT, 30.12.2017
1.3.2018. Учител од Гана без компјутер предава информатика. vesti.mk. http://bit.ly/2pgW6Wh, 15.3.2018
17.1.2018. Еуфорија на трибините со македонски навивачи. makfax.com.mk. http://bit.ly/2HFIT0y, 20.2.2018
5.3.2018. Паметна брава која знае дали вратата е заклучена. usb.mk. http://bit.ly/2FJmpi2, 12.3.2018
6.3.2018. Текстилни маки: животот на кредит, не е живот. vecer.mk. http://bit.ly/2Goo4HJ, 13.3.2018
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.