РЕЛИГИСКИОТ ФУНКЦИОНАЛНОСТИЛСКИ КОМПЛЕКС НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Александра Ѓуркова

Апстракт

Во статијата се задржуваме на развојот на религискиот функционалностилски комплекс во македонскиот јазик, најпрвин преку осврт кон преводите на Светото писмо на Стариот и на Новиот завет (1990, 2006) и неговите јазични и стилски особености, како на пример: лексиката, употреба на синонимните изрази, зборообразувањето, збороредот и сл. Секако, предвид треба да се земат и периодичните списанија на одделни епархии на Македонската православна црква, како и веб-портали, како на пр. Премин (www.preminportal.com.mk) и др., коишто се вклучуваат во рамките на публицистиката, а по својата содржина и по својата цел се обележани преку религискиот стил.

Во проучувањето на религискиот функционалностилски комплекс особено внимание се посветува и на современата македонска проза, во која се реализираат и текстови со религиозна содржина, а предвид ги земаме авторите: Оливера Николова, Драги Михајловски и др. Притоа, важен елемент во анализата претставува инкорпорирањето на религиските содржини преку посебни стилски средства во уметничката проза. Целта на анализата на религискиот функционалностилски комплекс на македонскиот јазик е идентификување на јазичните елементи, коишто се најкарактеристични во споменатиот корпус текстови, како на пример: употреба на архаизми, дијалектизми, заемки (најчесто од грчкиот јазик) и оказионализми, улогата на синонимијата и антонимијата, глаголските форми, збороредот, како и елементите на кохезијата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-09-29
Рубрика
Историја и филологија