КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ЛИКОТ „ЛОШ“?
Апстракт
Теориските дескрипции на постмодернистичката проза, понудени од страна на Брајан Мекхејл, Патриша Во, Дубравка Ораиќ Толиќ, ја потенцираат онтолошката доминанта, којашто во конкретните книжевни текстови е отелотворена во тематиката на онтолошките проблематизации на границите меѓу световите и текстовите. Овој текст интерпретативно ќе ги елаборира овие теориски премиси врз романот Ќерката на математичарот од македонскиот автор Венко Андоновски. Толкувачкиот фокус ќе биде поставен врз три рамништа: 1. врз интерпретацијата на онтолошките теми во романот; 2. врз метафикциските постапки (интертекстуалноста, интратекстуалноста, транстекстуалноста, вакантната цитатност, рекурзивните структури, транссветовните идентитети), преку коишто тие теми се артикулираат во романот; 3. врз толкување на функцијата што ја имаат тие постапки во однос на демонстрирањето на онтолошките игри со границите меѓу световите (книжевност – стварност, уметност – живот, факт – фикција, автор – лик) и меѓу текстовите (оригинали и плагијати, текстови и метатекстови) и меѓу жанровите. Интерпретацијата на романот на Венко Андоновски доведе до два заклучоци со теориски импликации: прво, сите постапки учествуваат во афирмацијата на комплексната метафикциска тема за односот стварност – фикција и во таа смисла учествуваат во редефинирањето на класичното поимање на романот како миметички жанр; второ, онтолошките игри кои учествуваат во романескната структура се прелеваат и во чинот на рецепција на текстот, вовлекувајќи го и читателот во онтолошките игри.
Downloads
Референци
Currie, Mark. (Ed.). (1995). Metafiction. London and New York: Longman.
Currie, Mark. (1998). Postmodern Narrative Theory. New York: St. Martin’s Press.
Hutcheon, Linda. (1984). Narcissistic Narrative: The Metafictional Paradox. New York and London: Methuen.
Лотман, Јуриј. (2005). Структура на уметничкиот текст. Скопје: Македонска реч [Lotman, Jurij. (2005). The structure of the artistic text. Skopje: Makedonska reč]. (In Macedonian.)
Лотман, Јуриј. (2003). Текст во текст. Во: Ќулавкова, Катица (Прир.). Теорија на интертекстуалноста. Скопје: Култура [Lotman, Yuri. (2003). Text in Text. In: Kjulavkova, Katica (Ed.). Theory of Intertextuality. Skopje: Kultura]. 41-61. (In Macedonian.)
Bamburać-Moranjak, Nirman. (2003). Retorika tekstualnosti [Retorics of Textuality]. Sarajevo: Buybook. (In Bosnian.)
McHale, Brian. (2001). Postmodernist Fiction. London and New York: Routledge.
Oraić-Tolić, Dubravka. (1990). Teorija citatnosti [Theory of Citation]. Zagreb: GZH. (In Croatian.)
Oraić-Tolić, Dubravka. (2005). Muška moderna i ženska postmoderna [Male Modern and Female Postmodern]. Zagreb: Naklada Ljevak. (In Croatian.)
Pavličiċ, Pavao. (1989). Moderna i postmoderna intertekstualnost. Umjetnost riječi 2–3 [Modern and Postmodern Intertextuality. Art of Words 2–3]. 33-50. (In Croatian.)
Waugh, Patricia. (2001). Metafiction: The Theory and Practice of Self-Conscious Fiction. London and New York: Routledge.
Авторски права (c) 2021 Marija Gjorgjieva Dimova
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.