ПИШУВАЈЌИ ЗА ДРУГИОТ, ПИШУВАМЕ ЗА СЕБЕСИ (Соработката на Александар Јерков со Институтот за македонска литература во Скопје)
Клучни зборови:
регионална соработка, компарација, развојни процеси, сомнеж, отсуство, потрага по неможното, парадоксалностАпстракт
Предмет на трудот е соработката на проф. Александар Јерков од Филолошкиот факултет во Белград со Институтот за македонска литература во Скопје, која се одвивала во рамките на проектите: „Феноменот Љубов и неговите креативни импликации во јужнословенските литератури на XX век“ и „Сродности меѓу современата македонска и балканските литератури (реално – имагинарно)“ пред повеќе од дваесет и пет години. Како повод на ова навраќање е доделувањето на наградата Златна книга за 2024 год. на колегата Јерков од страна на најстарата српска книжевна, културна и научна институција – Библиотеката на Матица српска. Во трудот подробно се претставени неговите три теориски студии објавени во одделни зборници, од кои првите два се посветени на темата љубов, додека во фокусот на третата е проблемот на вистината во епохата на модернизмот. Преку своевидна рефлексија, својствена за неговата аналитичка природа, тој доаѓа до повеќе релевантни заклучоци од кои ги потенцираме: отсуството на љубовта во книжевноста на XX век; потрагата по неа, која потсетува на потрагата по неможното и парадоксалната природа на модернизмот, кој самиот себеси се мистифицира и се преведува во мит. Во трудот се задржуваме и на дилемата од потребата на новото читање на романот „Она што беше небо“ на Владо Малески предлагајќи кон него да се пријде преку различни дискурси, кои се само најавени. Во трудот е презентиран и неговиот став за раѓањето на националната драма од духот на културата, изведен преку компаративна анализа на развојните почетоци на македонската и на српската драма. На крајот од трудот се потенцирани основните елементи што го сочинуваат Јерковиот остар критички ум, како што се: љубопитниот дух, насочен кон една поширока филозофско-културолошка рамка, во која ги поставува содржината што ја обработува и долгиот комплексен исказ, кој честопати е проткаен со иронија.
Превземања
Референци
Ѓурчинов, Милан. (1968). „Пред прозното дело на Владо Малески“, Владо Малески: Она што беше небо. Скопје: Култура.[ Gjurchinov, Milan. (1968). "Before the Prose Work of Vlado Maleski", Vlado Maleski: What Was the Sky. Skopje: Kultura]. (In Macedonian)
Đurčinov, Milan. (1978). „Jedanajst belina sa crvenim“ vo M. Đurčinov. Ogledi i kritike. Beograd: Narodna knjiga.[Đurčinov, Milan. (1978). "Eleven white with red" by M. Đurčinov. Trials and reviews. Belgrade: Narodna knjiga]. (In Serbian).
Ѓурчинов, Милан. 1980. „Во просторот на неспокојната реч“. Во Малески Владо. Одбрни раскази. Култура: Скопје.[ Đurčinov, Milan. 1980. "In the space of the restless world". In Maleski Vlado. Selected stories. Culture: Skopje]. (In Macedonian)
Đurčinov, Milan. (1988). Nova makedonska kniževnost. Nolit: Beograd. [Đurčinov, Milan. (1988). Nova makedonska kniževnost. Nolit: Beograd].(In Serbian)
Јерков, Александар. (1999). „Празниот модел и тажната кралица: љубовта и мислата за књижевноста во дваесттиот век“. Феноменот љубов во балканските литератури и култури. Институт за македонска литература: Скопје. [Jerkov, Aleksandar. (1999). „The Empty Model and the Sad Queen: The Love and the Thought Regarding the Literature in the Twentieth Century“. The Phenomenon of Love in Balkan Literatures and Cultures, Institute of Macedonian Literature: Skopje. (In Macedonian)
Јерков, Александар(а). (1999). „Смислата и можностите на ново читање на романот на Владо Малески“, Творештвото на Владо Малески, Институт за македонска литература: Скопје.[Jerkov, Aleksandar (a). (1999). "The Meaning and Possibilities of a New Reading of Vlado Maleski's Novel", The Works of Vlado Maleski, Institute for Macedonian Literature: Skopje]. (In Macedonian)
Јерков, Александар. (2001). „Љубовта која би го исполнила светот – потрага по неможното“, Реторика на љубовта, Институт за македонска литература: Скопје.[Jerkov, Aleksandar. (2001). "The Love That Would Fill the World – A Search for the Impossible", Rhetoric of Love, Institute for Macedonian Literature: Skopje]. (In Macedonian).
Јерков, Александар(а). (2001). „Раѓање на драмата од духот на културата“, Војдан Поп Георгиев-Чернодрински: Живот и дело, Институт за македонска литература и Дом на култура: Скопје, Струга.[Jerkov, Aleksandar (a). (2001). "The Birth of Drama from the Spirit of Culture", Vojdan Pop Georgiev-Chernodrinski: Life and Work, Institute of Macedonian Literature and House of Culture: Skopje, Struga]. (In Macedonian).
Јерков, Александар. (2006). „Парадоксот на модернизмот и митот: (демитологизација, ремитологизација и митот на формата) “, Реално/имагинарно, Дијалог: Скопје.[ Jerkov, Aleksandar. (2006). "The Paradox of Modernism and Myth: (Demythologization, Remythologization and the Myth of Form)", Real/Imaginary, Dialogue: Skopje]. (In Macedonian).
Koterel, Artur. (1998). Rečnik svetske mitologije, Nolit: Beograd.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2025 Jasmina Mojsieva-Guševa

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.