Приказ на книгата “Аутизам” од С. Бојанин, И. Милачиќ, М. Селаковиќ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Правејќи еден краток преглед врз содржината на книгата “Аутизам” можеме да констатираме дека тоа е книга каква што недостасува во нашата стручна литература, а и една од ретките книги од тој вид во целокупната светска литература.
Затоа треба да се поздрави иницијативата на издавачката куќа “ИП Заавет” од Белград, што прифатила книгата на Светомир Бојанин, Ивана Милачиќ и Милка Селаковиќ “Аутизам” да ја објави.
Во оваа книга ќе можат да се најдат, на лесен и пристапен начин изложени, многу корисни теоретски и практични информации како за лекари-невропсихијатри, дефектолози, социјални работници, така за оние што имаат амбиции да се занимаваат со истражувачка работа во областа на клиничката психијатрија, социјална психијатрија како и во другите области на современата психијатрија, па дури и родителите што имаат вакви деца.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 1998 Наташа Чичевска Јованова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
