ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА КАКО СИСТЕМ И РЕАЛИЗАЦИЈА Кон изданието на книгата “ОСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОШКАТА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА” од д-р Љупчо Ајдински, д-р Горан Ајдински и Зоранчо Михаилов

Автори

  • Кирил ТЕМКОВ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

 Излегувањето на книгата “Основи на дефектолошката теорија и практика” од авторскиот тим составен од тројца бележити дефектолошки стручњаци и професори д-р Љупчо Ајдински, д-р Горан Ајдински и Зоранчо Михаилов претставува бележит настан и дострел на нашата наука.
Ова дело е прво и единствено кај нас со целосен пристап кон суштината и методите на дефектологијата, како една од најзначајните специјални педагошко-медицински науки во современата епоха. Всушност, таа со почит го изразува нововековниот емпатички пристап кон луѓето што страдаат и имаат проблеми во личниот развиток и живот со давање помош во нивното развивање, подготвување за извршување сообразни функции, унапредување на нивната положба и способности, со цел да им се овозможи да се вклучат во животот, да живеат полесно и да извршуваат некоја корисна функција.
Според комплексноста на зафатот и според целосноста на сознанијата што ги понудува, книгата “Основи на дефектолошката теорија и практика” истовремено е и научно дело за основите и базичните форми на дефектологијата, и учебник за студентите, и компендиум за стручњаците што постојано ќе се навраќаат кон сублиматот и решенијата на дефектолошката теорија и практика за да им помогнат во нивната дејност, и енциклопедиски прирачник со основните податоци за развитокот и за широката реалност, за идеите и за практичните дејства во оваа важна и напрегната педагошко-медицинска активност.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

1999-11-28

Како да се цитира

ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА КАКО СИСТЕМ И РЕАЛИЗАЦИЈА Кон изданието на книгата “ОСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОШКАТА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА” од д-р Љупчо Ајдински, д-р Горан Ајдински и Зоранчо Михаилов. (1999). Дефектолошка теорија и практика, 3(1-2), 131-134. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)