СТЕПЕНОТ НА ДОЖИВУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОТО ТЕЛО КАКО ЦЕЛИНА КАЈ РАЗВОЈНАТА ДИСПРАКСИЈА И ДИСГНОСТИЧКИТЕ НАРУШУВАЊА

Автори

  • Драгослав КОПАЧЕВ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Skopje, Macedonia
  • Владимир ТРАЈКОВСКИ Филозофски факултет, УКИМ, Скопје, Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

диспраксија, дисгнозија, доживување на сопственото тело

Апстракт

Целта на авторите е да го разгледаат нивото на доживување на сопственото тело кај деца со праксички и гностички дисхармонии. Набљудувани се 46 деца со диспраксија и дисгнозија, на возраст од 8 до 12 години, од двата пола и со просечни интелектуални способности. Тие биле третирани во нашиот институт во периодот од 1998 до 2000 година. Притоа се користени тестови за невропсихолошка проценка.
Децата со диспраксија покажале неуспех на тестовите за телесна шема (92,3%), како и на тестовите за имитација на гестови. Особено тешкотии се јавиле во фазата на конструирање на фигурата на телото.
Децата со дисгнозија покажале подобри резултати на тестовите за телесна шема (70%). Тие ги извршувале сите праксички активности нормално, но имале потешкотии во препознавањето на одредени делови од телото.
Менталната когниција не била соодветно развиена, особено кај децата со диспраксија (во однос на фигуративниот симболизам). Кај децата со дисгнозија доминира асимболизам на ниво на јазичните структури. Заклучокот на авторите е дека доживувањето на телесната шема претставува основа за сите психички функции. Бидејќи телесната шема не е правилно изградена, таа е подложна на влијанија од средината, што може да доведе до појава на различни клинички манифестации.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2000-11-22

Како да се цитира

СТЕПЕНОТ НА ДОЖИВУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОТО ТЕЛО КАКО ЦЕЛИНА КАЈ РАЗВОЈНАТА ДИСПРАКСИЈА И ДИСГНОСТИЧКИТЕ НАРУШУВАЊА. (2000). Дефектолошка теорија и практика, 4(1-2), 110-116. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 24

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 3 > >>