СЕМАНТИЧКА ВЕРБАЛНА ФЛУЕНТНОСТ НА БИЛИНГВАЛНИ ДЕЦА СО ЛЕСНА МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
семантичка флуентност, ментална ретардација, билингвизамАпстракт
Тестот за процена на семантичка вербална флуентност претставува доверлив инструмент за детекција на различни облици на невропсихолошките дефицити. Постигнувањата на испитаниците на овој тест, се условени од многуброен низ на социо-културолошки чинители. Во тие културолошки фактори припаѓа и појавата на двоjna полујазичност. Ова истражување е спроведено со цел да се утврдат разликите во постигнувањата на монолингвалните и билингвалните деца со лесна ментална ретардација на тестот за процена на семантичката вербална флуентност.
Примерокот чини 90 испитаници со лесна ментална ретардација, двата пола, на возраст меѓу 12 и 15 години. Примерокот е поделен на три потпримероци: 30 монолингвални испитаници кои говорат српски јазик (М1), 30 монолингвални Роми кои не говорат ромски, туку само српски јазик (М2) и 30 билингвали на ромската националност, кои говорат и српски и ромски јазик (Б).
Добиените резултати покажуваат дека двете групи на монолингвални испитаници значајно се поуспешни од билингвалните испитаници на задачите за процена на семантичката флуентност.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2005 Ненад П. Глумбиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
