МУДРИ ПОУКИ ЗА ДОБРО ЖИВЕЕЊЕ
Кон книгата “Одбрани мудрости - Водич низ бурите и ветровите на животот", составиле Марија Ајдинска и Величко Андреевски, Скопје 2005
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Една добра книга несомнено ќе го привлече вниманието на сите воспитувачи и на сите оние кои се заинтересирани за правилните животни сознанија. Марија Ајдинска и Величко Андреевски, познати македонски педагози и дефектолози, собраа илјадници поучни изреки од целиот свет и ги објавија како неопходно дело за секого кој размислува за себе, за другите и за животот. Оваа голема збирка на морални поуки на 300 страници несомнено може да го насочи човекот по правиот животен пат.
Поуките се поделени во 10 поглавја - за човекот и животот, за жената и за љубовта, за работата и успехот, за доброто и злото, за среќата и надежта, за слободата и мирот, за здравјето и за староста, за хуманоста и за пријателството, за радоста и за маката. За секој проблем може да се најдат значајни согледби и поуки, секој може да си пронајде нишка водилка за своето однесување. Еве една од тие пораки: “Практичниот човек во животот треба да сфаќа с¢ сериозно, но не и трагично".
Оваа книга од мудрости потсетува дека секој треба да се образува и да се изгради. Човекот се раѓа како суштество кое може да опстане само со помош од другите луѓе и со учење.
Превземања
Референци
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2005 Кирил Темков

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
