ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОСООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО РАЗВОЈНИ ПРОБЛЕМИ И ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
Од расправата по Нацрт националната програма за развој на образованието во РМ водена во втората половина на 2004 година
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Министерството за образование и наука ја достави на јавна расправа Националната програма за развој на образованието во РМ 2005-2015, изготвена од посебна експертска група.
Имајќи го предвид значењето на оваа програма чија цел е да се развие ефективен образовен систем, кој располага со механизми за подготовка на младите и возрасните за сите предизвици и промени со кои ќе се судрат со утрешнината, Националното координативно тело, формирано од Владата на РМ и Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, заинтересирани за образованието на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби, како составен дел на Програмата, активно се вклучија во јавната расправа и притоа констатираа:
- Националната програма за развој на образованието, општо земено, претставува значаен документ за натамошниот развој на образованието во РМ особено со својата концепција, насоченост и рационалност со јасни и конкретни цели, задачи и визија, за успешно реализирање на содржаните идеи и вредности.
- Во делот каде е опфатена проблематиката за образованието на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби, не се содржани соодветните системски решенија и ставови, изнесени во меѓународните и нашите национални документи за образование и рехабилитација на овие деца.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2005 Љупчо Ајдински

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
