ДИГИТАЛНИТЕ ИГРИ КОИ СЕ УПРАВУВААТ СО ПОМОШ ИЛИ ПОДОБРУВААТ МОТИВАЦИСКИТЕ СПОСОБНОСТИ И СПОСОБНОСТА ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО КАЈ РЕТ СИНДРОМОТ

Автори

  • Роза Ангела ФАБИО Cognitive Empowerment Laboratory, Department of Cognitive Sciences, Psychological, Educational and Cultural Studies, University of Messina, Italy
  • Тиндара КАПРИ Лабораторија за когнитивно зајакнување, оддел за когнитивни науки, психолошки, образовни и културни студии, Универзитет во Месина, Италија
  • Андреа НУЦИТА Лабораторија за когнитивно зајакнување, оддел за когнитивни науки, психолошки, образовни и културни студии, Универзитет во Месина, Италија
  • Џинакарло ЈАНИЗОТО Лабораторија за когнитивно зајакнување, оддел за когнитивни науки, психолошки, образовни и културни студии, Универзитет во Месина, Италија
  • Насрин МОХАМАДАСАНИ Оддел за едукативна технологија, Каразми универзитет, Техеран, Иран

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

Рет синдром, учење кое се базира на дигиталните игри, когнитивно функционирање

Апстракт

Вовед: Од неодамна се забележува пораст во употребата на дигиталните игри кои се управуваат со поглед во областа на образованието. Многу истражувања имаат утврдено дека употребата на дигиталните игри кои се управуваат со поглед имаат значајна улога во поддршката на учениците кои имаат попреченост. Учењето кое се базира на дигиталните игри или на образовните игри има потенцијал да обезбеди ефективни, моќни околини за учење во кои учениците со попреченост треба да ги развиваат или да ги подобрат когнитивните вештини.

Метод: Главниот фокус на ова истражување е да ја испита улогата на дигиталните игри кои се управуваат со поглед при подобрувањето на мотивациските способности и способноста за задржување на вниманието кај лицата со Рет синдром (РС). Педесет и две италијански пациентки со РС (средна вредност = 12,10, СД = 8,7) учествуваа во ова истражување, од кои 30 беа дел од групата за третман, а 22 чекаа за влез во групата за третман. Ние користевме споредбен дизајн пред-тестирање-пост-тестирање со цел да се утврдат бенефитите од учењето кое се базира на дигиталните игри врз параметрите за мотивација и задржување на вниманието. Во фазите на пред-тестирање и пост-тестирање, невропсихолошките и бихејвиоралните параметри беа измерени со употреба на технологија за следење на окото. Во прилог на тоа, мерките за задржување на вниманието и мотивацијата се проценети во двете фази. Во фазата за учење, на учесниците им беа претставени дигитални игри кои се управуваат со поглед, претходно инсталирани во следачот за очи Tobii серија-1. Игрите кои се управуваат со поглед беа поделени на пет нивоа: поврзување со екран, поместување на предмети, зонско фокусирање, активно истражување и контролирано таргетирање.

Резултати: Резултатите укажуваат на подобрување на перформансите за задржување на вниманието и мотивација.

Предлози и заклучок: Дискусијата за резултатите е насочена кон нивната импликација за поддржување на употребата на дигиталните игри кои се управуваат со поглед во едукацијата и учењето на предмети кај лица со РС.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2018-09-30

Како да се цитира

ДИГИТАЛНИТЕ ИГРИ КОИ СЕ УПРАВУВААТ СО ПОМОШ ИЛИ ПОДОБРУВААТ МОТИВАЦИСКИТЕ СПОСОБНОСТИ И СПОСОБНОСТА ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО КАЈ РЕТ СИНДРОМОТ. (2018). Дефектолошка теорија и практика, 19(3-4), 105-126. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 116

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.