ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ: ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА, ОСПОСОБУВАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во март 2007 година излезе од печат учебник под работен наслов „Лица со инвалидност: професионална ориентација, оспособување и вработување“ од проф. д-р Ристо Петров.
Учебникот е презентиран на 214 страници.
Темите опфатени во учебникот се современи, актуелни, јасно и документирано разработени. Тие претставуваат целина која ги презентира лицата со инвалидност и ја отсликуваат професионалната ориентација, оспособување и нивното вработување. Темите во целост се усогласени со предметот кој според ЕКТС студентите на Институтот за дефектологија го изучуваат во VI семестар.
Материјалот е структуриран во два дела: oпшт и посебен дел.
Во првиот, Општ дел, се разработени две целини. Во првата целина се обработуваат лицата со инвалидност, посебно лицата со оштетен вид и слух, телесно инвалидните лица и лицата со ментална ретардација и лицата со комбинирани пречки во развојот. Авторот укажува на дефиницијата, класификацијата, а повеќе се задржува на карактеристиките на овие лица, од аспект на нивните можности и способности за работно оспособување и вработување.
Во целина авторот зборува за Заштитата и рехабилитацијата на лицата со инвалидност. Дава сознанија, го дефинира поимот на рехабилитацијата и укажува на условите, принципите, методите и задачите во рехабилитацијата на лицата со инвалидност.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Ристо Петров

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
