OСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈА од Горан Ајдински, Зоран Киткањ, Љупчо Ајдински
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во оваа одлично концепирана книга сеопфатно и детално се изложени новите меѓународни документи и стандарди, како и измените и новините на нашата законска и правна регулатива во последните неколку години.
Научниот труд освен што има голема улога во развојот на дефектолошката теорија и практика има и фундаментална улога за подготовка на квалификувани дефектолошки кадри. Поконкретно, оваа книга, пред сè, е наменета за студентите на дефектологија, на кои им овозможува да стекнат елементарни, основни познавања на оваа наука.
Содржината на делото ги следи и новите тенденции и трендови во светот за интеграција и социјализација на децата со пречки во развојот во сите сфери на општеството. Ни дава расправа за интеграција на хендикепираните деца во редовниот систем на предучилишно, основно образование и здравствена заштита. Затоа книгата може да ни послужи како дополнителна литература за зголемување на професионалното ниво на учителите, воспитувачите, психолозите, рехабилитаторите и научните работници што работат во сферата на едукацијата и рехабилитацијата на децата со пречки во развојот.
Книгата има таква концепција што им овозможува и на родителите на овие деца да добијат основи сознанија и информации во нивната секојдневна грижа и работа.
Овој учебник претставува сублимација на долгогодишен труд и макотрпна работа на авторите и заслужува да се најде во библиотеката на секој дефектолог, како и на секој поединец кој на некој начин е засегнат со оваа проблематика.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Кирил Темков

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
