ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР ВО ВЕТЕРНИК

Автори

  • Оливера РАШИЌ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

На 06.06.2008 година во Ветерник, место во близина на Нови Сад во Република Србија, беше одржан едукативен семинар на тема Ком­бинирана попреченост - придружни сос­тојби, во организација на Домот за деца и младинци со оштетен развој и Медицинскиот факултет од Нови Сад.

Семинарот беше наменет за сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт и ги третираат децата со комбинирана попре­че­ност: педијатри, физијатри, невролози, пси­хи­јатри, како и за дефектолозите – специјал­ни­те едукатори од сите профили и психоло­зи­те.

На семинарот учествуваа околу 70 учесници, чие внимание беше насочено кон:

·         Превенцијата на раѓањето деца со конге­ни­тални аномалии и наследни болести.

·         Структурата на моторните нарушувања кај децата со интелектуална попреченост.

·         Улогата на сензорната интеграција во ра­бо­тата со лица со комбинирана попре­че­ност.

·         Значењето на диференцијалната дијагноза на оштетувањето на слухот, на аутизмот и на аутизмот со оштетување на слухот.

·         Примената на отворената Монтесори-про­грама како алтернативна метода за лица со потешка попреченост на помлада воз­раст.

·         Едукацијата на семејството на член со комбинирана попреченост.

·         Prader-Willi-синдромот - проблематиката на придружните симптоми.

·         Интегралниот пристап во згрижувањето на лицата со Lesch-Nyhan-ов синдром.

Претставник од нашата држава на овој семи­нар беше д-р Владимир Трајковски, вонреден професор при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Филозофски факултет, Ин­с­ти­тут за дефектологија, кој вниманието на присутните гости го насочи на темата со која се претстави: Физиолошки абнормалности кај аутизмот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2008-03-31

Како да се цитира

ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР ВО ВЕТЕРНИК. (2008). Дефектолошка теорија и практика, 9(1-2), 110. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2