„ДЕНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ 2008“ - СРБИЈА

Автори

  • Оливера РАШИЌ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во организација на Друштвото на дефекто­ло­зите од Република Србија во периодот од 11 јануари до 15 јануари 2008 година беше одр­жа­на манифестацијата „Денови на дефекто­ло­зите 2008“, во местото Врњачка Бања.

Покрај широкото подрачје и опсежната про­бле­матика со која се занимаваат дефекто­ло­зи­те, на оваа манифестација предност беше дадена на прашањата за:

·         Модели на едукацијата и рехабили­та­ци­ја­та на лицата на кои им е потребна посеб­на општествена поддршка-од визија до реа­лизација;

·         Заедници на домување со поддршка на ли­цата со интелектуални нарушувања - ино­вативно-методолошки пристап.

Работата беше организирана по тематски об­лас­ти каде се зборуваше за актуелни пробле­ми, предлози за нивно решавање и заклучоци и работа по секции, каде се презентираа тру­до­ви од дефектолошката практика.

На оваа средба присуствуваа околу 700 учес­ни­ци од просторите на бившите Југословен­ски републики. Преглед на состојбата на на­уч­ните и практичните достигнувања од об­лас­та на дефектологијата во Република Маке­до­нија преку своите трудови дадоа:

·         Лаура Ѓурчиновска (претставник од ПЗУ „Интегрин“) и Ристо Петров (професор при Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ - Скопје, Филозофски факултет, Инс­ти­тут за дефектологија) со темата Живот во други семејства - нов квалитет во жи­во­тот на децата со тешки интелек­ту­ални нарушувања, со која се укажува на правата и потребите на децата со посебни едукативни потреби да имаат семеен жи­вот, надвор од институциите, па макар и да живеат со небиолошки родители.

·         Владимир Трајковски (вонреден профе­сор при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Филозофски факултет, Инс­титут за дефектологија) со темата Ау­ти­зам и гени, во која имаше цел да даде приказ на новите откриени гени и меха­низ­мите кои се во основа на етиопато­ге­не­зата на аутизмот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2008-03-31

Како да се цитира

„ДЕНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ 2008“ - СРБИЈА. (2008). Дефектолошка теорија и практика, 9(1-2), 109. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>