МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА АУТИЗМОТ

Автори

  • Оливера РАШИЌ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Минатиот декември, Генералното заседание на ОН под иницијатива на државата Катар, а со оглед на тоа што денес аутизмот е сериоз­но едукативно и здравствено прашање, усвои резолуција која 2 април го декларира како Ме­ѓународен ден на аутизмот.

По повод првиот Меѓународен ден на аутиз­мот, аутизам-Европа, ги повикува сите др­жа­ви членки на Европската унија и Советот на Европа во одбележувањето на овој ден.

Државите членки на Европската унија и Со­ве­тот на Европа треба посебно внимание да посветат на аутизмот, водејќи сметка за висо­ка­та преваленција на оваа инвалидност.

Врз основа на евиденцијата од научните по­да­тоци, денес знаеме дека аутизмот не е рет­ка појава доколку се опфати целиот спектар на аутистични растројства. Инвалидноста мо­же да опфаќа околу 0,6% од популацијата, што значи дека Европа (вклучувајќи ги држа­ви­те членки на Европската унија и Советот на Европа) брои околу 5 милиони луѓе со ау­ти­зам.

Со оваа резолуција државите од Европската унија и од Советот на Европа се обврзани да ги почитуваат дигнитетот и човековите права на лицата со аутизам.

Со цел да се овозможи нивниот дигнитет, ли­ца­та со аутизам не треба да се сметаат или третираат како популација која не може да ги оствари целите кои се однесуваат на пос­тиг­ну­вање на независност и самопот­врду­вање.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2008-03-31

Како да се цитира

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА АУТИЗМОТ. (2008). Дефектолошка теорија и практика, 9(1-2), 107-108. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2