СТРУКТУРА НА ТЕЛЕСНИТЕ ДЕФОРМИТЕТИ КАЈ ЛИЦАТА СО МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА

Автори

  • Благоја ГЕШОСКИ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

структура, телесни деформитети, ментална ретардација

Апстракт

Целта на ова истражување беше проценка нa структурата на телесните деформитети кај лицата со ментална ретaрдација.
Поз­навањето на структурата на телесните де­формитети кај лицата со ментална ре­тар­да­ција претставува појдовна основа за изра­бот­ка на програма за превентивно корек­тив­на работа во процесот на специјална еду­ка­ција и рехабилитација во насока на нивно от­странување или ублажување.
Структурата на телесните деформитети кај лицата со ментална ретардација беше ана­ли­зи­рана во однос на возраста, степенот на мен­тална ретардација и во однос на секој­днев­ните животни активности.
Со испитувањето беа опфатени 170 испи­та­ни­ци со ментална ретардација од двата пола. Сите испитаници се сместени во установа за трет­ман на лица со тешка и длабока мен­тална ретардација (Специјалниот завод Де­мир Капија). Врз основа на два критериуми ис­питаниците се поделени во групи. Прв критериум за формирање група беше степенот на ментална ретрадација: I група – тешка мен­тал­на ретардација (ТМР); и II група – длабока мен­тална ретардација (ДМР). Втор критериум за формирање група беше возраста на ис­пи­та­ни­ците: I група – возраст до 18 години; II гру­па – возраст 19–30 години; и III група – над 31 го­дина. Структурата на телесните де­фор­ми­те­ти беше анализирана во однос на возраста, сте­пенот на ментална ретрдација и во однос на активностите во секојдневниот живот.
За потребите на планираното истражување сос­тавен е Протокол за проценка на те­лес­ни­те деформитети кај лицата со инвалидност, кој содржи: формулар за општи податоци за ис­питаниците, прашалник за проценка на соматскиот статус, клинички лист и тест за активностите во секојдневниот живот (Тест АСЖ, Rusk, 1971).
Сите податоци добиени со истражувањето се изразени квантитативно и обработени со сле­дните статистички методи и постапки: број на повторувања, фреквенција и про­цен­ти, мерка на централна тенденција, ари­т­ме­тич­ка средина и стандардна девијација, χ2 и Fisher Exact – тест. За статистички зна­чајни разлики беа земени разликите со ни­во на значајност од ρ<0,05.
Ка­ко позначајни резултати можеме да ги из­двои­ме следните: 33,52% од испитаниците со ментална ретардација кои се инс­ти­ту­цио­нал­но сместени имаат нарушен телесен инте­гритет, ограничена подвижност на гор­ни­те екстемитети имаат 50% од ис­пи­та­ни­ци­те и 52,35% на долните екстремитети. Лошо држе­ње на телото е евидентирано кај 61,17% од испитаниците, а структурални промени на ’рбетниот столб има кај 45,29% од испи­та­ниците. Деформитети на карлицата имаат 20,50% од испитаниците, на зглобот на ко­ле­но­то 6,45%, а деформитети на стапалата кај 41,93% од испитаниците. Исто така ре­зул­та­ти­те од истражувањето покажуваат дека спо­соб­носта за вршење функции на ло­ко­мо­тор­ниот систем зависи од индивидуата и со­ци­јал­ната активност на лицето со ментална ре­тар­дација. При извршување на активностите во кревет, помош или асистенција од страна на друго лице им е потребна на 47,05% од ис­питаниците. За извршување на актив­нос­ти­те за самозгрижување потребна им е по­мош или асистенција од страна на друго лице на 54,70% од испитаниците за од­р­жу­ва­ње лична хигиена, за хранење на 45,88% од ис­питаниците, при облекување/соблекување на 54,11% од испитаниците.
Добиените резултати при истражувањето ја­с­но покажуваат дека менталната ретардација ја следат бројни телесни деформитети, кои ги прикриваат способностите во другите под­рачја на фунционирање и дополнително ги инвалидизираат овие лица. Како што се зго­лемува степенот на ментална ретардација, та­ка и телесните деформитети стануваат по­зна­чаен проблем при фунционирањето на овие лица.
Предлог мерки кои произлегуваат од до­бие­ни­те резултати се следни:

  • потребно е да се продолжи со истра­жу­вањата во оваа област;
  • потребно е да се формира централна ба­за на податоци;
  • примена на резултатите од истр­ажу­ва­њето во секојдневната пракса (во­ве­ду­ва­ње на нови содржини и протокол);
  • усогласување на постоечката леги­сла­ти­ва со современите доктрини и кон­цеп­туални приоди;
  • усогласување на проценката и трет­ма­нот во специјалната едукација и реха­би­литација на лицата со комбинирани оштетувања;
  • избор на програма за специјална еду­ка­ција и рехабилитација прилагодена на возраста;
  • мултидисциплинарен пристап кон проб­лемот,
  • едукација на кадри за работа со лица со комбинирана попреченост.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2010-03-31

Како да се цитира

СТРУКТУРА НА ТЕЛЕСНИТЕ ДЕФОРМИТЕТИ КАЈ ЛИЦАТА СО МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА. (2010). Дефектолошка теорија и практика, 11(1-2), 140-142. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 33

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)