60 ГОДИНИ ВОСПИТАНИЕ, ОБРАЗОВАНИЕ, РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Ангелка ВЕЛКОСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

По подолга пауза, повторно оваа година, односно во периодот 27–29 мај, во Битола, се одржа Меѓународна конференција „Денови на дефектолози“. Истата беше во организација на Сојузот на дефектолози на Република Македонија и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ – Битола. Темата на меѓународната конференција беше „60 години воспитание, образование, рехабилитација и вработување на лицата со инвалидност во Република Македонија.“
Во рамките на конференцијата беа опфатени неколку глобални теми, сесии: рана интервенција, лица со ментална попреченост, инклузивно образование, вработување на лица со инвалидност, лица со оштетен слух, лица со растројство во говорот и гласот, лица со аутизам и теми по избор. Во овие сесии беа презентирани вкупно 86 трудови и 7 постер презентации. Свое активно учество зедоа и гостите од Бугарија, Хрватска, Србија и Косово.
Последниот ден од конференцијата беше резервиран за пленарна седница на која беа презентирани заклучоците од сесиите. Оваа седница беше од големо значење, бидејќи учесниците имаа можност да се запознаат со моменталната состојба на третманот на лицата со инвалидност во Република Македонија и во неколку балкански земји. Понатаму беа разменети искуства,  потенцирани предностите и слабостите на едукацијата и рехабилитацијата, а се разговараше и за перспективите и потребите од иновации за постојано унапредување на третманот на лицата со инвалидност.
Значајно за конференцијата е тоа што имаше учесници кои се веќе истакнати стручњаци од областа на дефектологијата, како и млади дефектолози кои во последните неколку години се судираат со практичните проблеми. Сплетот од искуство и ентузијазам се покажа како мошне позитивен, резултираше со интересни дискусии и заклучоци, важни за решавање на низа проблеми во развојот на дефектолошката теорија и практика.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2010-09-30

Како да се цитира

60 ГОДИНИ ВОСПИТАНИЕ, ОБРАЗОВАНИЕ, РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2010). Дефектолошка теорија и практика, 11(3-4), 75-76. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)