ПРВ МЕЃУНАРОДЕН СОБИР НА СТУДЕНТИ – ФАСПЕРИЈАДА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во периодот од 15 до 18 април во Белград, се одржа првиот меѓународен научно-спортски собир на студенти, наречен ФАСПЕРИЈАДА. На него беа поканети студенти чии студии се поврзани со проблематиката на специјална едукација и рехабилитација и тоа од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Целта на едукативно-спортскиот собир беше евалуација на научно-истражувачката работа и теориските знаења на студентите, но и нивно натпреварување во спортските дисциплини: фудбал, одбојка и куглање.
Од Р. Македонија присуствуваше деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Горан Ајдински, раководителот на Институтот за дефектологија доц. д-р Зоран Киткањ, а како членови на научниот одбор беа поканети проф. д-р Владимир Трајковски и асс. м-р Наташа Станојковска-Трајковска. Од студентите присуствуваа 6 студенти на додипломски студии и 7 студенти на последипломски студии на Институтот за дефектологија.
На научниот собир беа презентирани вкупно 99 трудови, од кои 13 од студентите од Р. Македонија. Во завршниот дел од конференцијата беа доделени признанија за најдобрите истражувачки трудови, меѓу кои беа наградените: „Социјални вештини на лицата со шизофренија“ од Маја Невчевска, „Прифаќање на децата со развојни оштетувања и посебни образовни потреби во основното училиште – Јан Амос Коменски“ од Христина Иваноска, и „Предикциониот тест за дизграфија кај слушно оштетните деца“ од Маре Стојменовска-Мицевска, сите студенти на Институтот за дефектологија. Научно-спортскиот собир беше одличен начин за унапредување на знаењата и искуствата меѓу студентите, како и за зголемување на соработката помеѓу идните специјални едукатори. Доколку се реализираат плановите, наредниот собир од ваков вид треба да се реализира во скоро време во Тузла, Босна и Херцеговина.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Ангелка Велкоска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
