АЛТЕРНАТИВНИ ОБЛИЦИ НА КОМУНИКАЦИЈА КАЈ ЛИЦАТА СО АФАЗИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
афазија, алтернативна и аугментативна комуникација, Брокина и Верникеова афазијаАпстракт
Афазијата претставува најсложен и најтежок облик на нарушување на говорот и јазикот. Најчесто се јавува како последица на мозочeн удар. Преваленцијата на афазиите е околу една третина од сите пациенти со мозочен удар во акутната фаза или 21% до 24%, а постојат податоци и за многу поголема зачестеност. Кај одреден број на болни афазијата спонтано се повлекува, но кај повеќемина афазијата ги зафаќа сите четири модалитети на јазичната активност, од фонемата до дискурсот, од буквата до текстот, односно од автоматизираниот до творечкиот израз. Процесот на рехабилитација на говорната комуникација кај лицата со афазија е сложен, мултидисциплинарен и долготраен.
Во светот голем акцент се става на примената на методите и стратегиите на ААК кај лицата со афазија. Иако аугментативните и алтернативните методи на комуникација (ААК) кај лицата со афазија се релативно нова област во логопедскиот третман, поради својата апликативност заслужуваат внимание и се ветувачки нов пат за истражување.
Магистерскиот труд е напишан на 104 страници, во чии рамки покрај текстот се наоѓаат и 35 табели и 48 графикони, како и литература со 114 библиографски единици. Текстот на магистерскиот труд се состои од Вовед, Теоретски основи и Методологија на истражувањето. Во Вовед е укажано на значењето на потребата од истражувањето на алтернативните методи во терапијата и третманот на лицата со афазија. Делот Теоретски основи содржи неколку меѓусебно поврзани поглавја (целини). Во истражувачкиот дел се опишани предметот на истражувањето, целта и карактерот на истражувањето, задачите, хипотезите и варијаблите на истражувањето, методите и техниките на истражувањето, примерокот, организацијата на истражувањето, анализата и обработката на интерпретацијата на добиените податоци, резултатите на истражувањето, дискусијата, верификацијата на хипотезите и заклучоците. На крајот од трудот се дадени и предлог-мерки. Предметот на истражувањето е дефиниран како анализа на облиците на ААК, што пациентите со Брокина и Верникеова афазија ги користат во секојдневната комуникација, како и анализа дали облиците на ААК може да се искористат за развој и подобрување на комуникативните способности кај лицата со афазија. Целта на ова истражување е да се утврдат облиците и стратегиите на ААК за поддршка и помош во комуникацијата на лицата со афазија во Општина Штип. За потребите на истражувањето, за собирање на квантитативни податоци за ставовите на испитаниците вклучени во истражувањето се конструирани два анкетни прашалника. Едниот инструмент кој е наменет за испитаниците со афазија вклучени во истражувањето, имаше за цел да ги утврди облиците на ААК кои испитаниците со афазија ги користат во секојдневната комуникација. Вториот инструмент, кој е наменет за медицинскиот персонал и членовите на семејствата на испитаниците, имаше за цел да ги утврди нивните потреби за информација и обуки за примена на облици и стратегии на ААК кај лицата со афазија. За потребите на истражувањето во делот на детекцијата на дефицитот на јазичките функции на испитаниците со Брокина и Верникеова афазија вклучени во истражувањето беа користени суптестовите од Бостонскиот дијагностички тест за афазии (БДАЕ). Во истражувањето беа опфатени три групи испитаници. Првата категорија испитаници опфаќаше 30 пациенти на старост од 34 до 75 години со афазија како последица на мозочен удар кои беа хоспитализирани во Општа болница РЕ – Невропсихијатрија во Штип и болни кои беа во домашни услови. Подгрупите беа формирани според видот на афазијата која беше застапена кај пациентите и сличните резултати добиени при спроведеното тестирање со Бостонскиот дијагностички тест за афазии (БДАЕ). Во втората група беа вклучени 30 членови на семејствата на пациентите, а во третата - 27 лица, медицински персонал вработен во Физикална терапија – Штип. Во истражувањето беа вклучени пациенти кои имале мозочен удар во 2009 и 2010 година, кај кои беа поминати најмалку четири месеци од настанувањето на мозочниот удар и беа во фаза на стабилизација на болеста. Испитаниците, членовите на нивните семејства и медицинскиот персонал беа анкетирани во врска со ААК и беше направена евалуацијата на ефектите од примената на облиците на ААК. Со дескриптивна статистика е претставена структурата, а од инференцијална статистика χ²тест со кој е анализирана разлика во податоците меѓу едната и другата категорија, а како сигнификативна разлика е земена разликата на ниво на значајност од p < 0.05. Резултатите од истражувањето се изложени според одреден редослед. Важен дел од резултатите е посветен на анализата на податоците добиени со анкетирање на медицинскиот персонал за можноста за комуникација и разбирањето на лицата со Брокина и Верникеова афазија. На крајот од ова поглавје се изложени резултатите од одговорите на анкетираните придружници на испитаниците со Брокина и Верникеова афазија. Од посебна важност е претставувањето на споредените добиени резултати помеѓу испитаниците со Брокина и Верникеова афазија во поглед на вредностите помеѓу испитаниците со Брокина и Верникеова афазија во поглед на употребата на алтернативните облици и методи на комуникација. Во делот Дискусија се анализирани резултатите од истражувањето, споредени се со резултатите на другите автори и се доведени во врска со одредени претпоставки за можностите и значењето на употребата на алтернативните методи на комуникација во рехабилитацијата на афазичните пациенти и нивната интеграција во семејната и пошироката социјална средина. Согласно со целите, поставените хипотези и резултатите од спроведеното истражување, изведени се одредени заклучоци од кои ги истакнуваме следниве:
1. Помеѓу лицата со Брокина и Верникеова афазија постои разлика во примената на облиците на ААК. Од резултатите сe заклучи дека пациентите со Брокина афазија користат дел од облиците на ААК и тоа: посочување со поглед, цртеж и поддршка од комуникациски партнер во комуникацијата за разбирање на говорот, а пациентите со Верникеова афазија ја користат само поддршката од партнер во комуникацијата за разбирање на говорот.
2. Резултатите од спроведеното истражување покажаа дека сите испитаници: пациентите, медицинскиот персонал и членовите на семејствата на пациентите со афазија имаа позитивен став во однос на потребата за спроведување на обуки за користење на облици и стратегии на ААК.
3. Кај испитаниците со Брокина афазија кои користат дел од облиците на ААК по спроведеното ретестирање со стандардизирана батерија на тестови (БДАЕ) се забележа подобрување во обновата на јазичните способности.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Елена Ташкова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
