МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР НА СТУДЕНТИ ПО СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ЗЛАТИБОР 2013
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во организација на Студентскиот парламент на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација – Белград, во периодот од 20 до 24 ноември се одржа семинар на студенти по специјална едукација и рехабилитација Златибор 2013. Паралелно со овoј семинар се одвиваше и семинарот организиран од Студентскиот парламент на Високата здравственa школа – Белград. На овој семинар учествуваа вкупно 287 студенти од балканските простори, кои беа сместени во Студентското одморалиште „Ратко Митровиќ“. Oд нив 146 беа студенти на специјална едукација и рехабилитација и тоа: 17 од Македонија, 14 од Босна и Херцеговина, 12 од Хрватска, 6 од Словенија и останатите од Србија. Семинарот започна со свечено отворање од страна на претседателот на Студентскиот парламент на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација – Белград, Никола Ниќин, а продолжи со обраќањето на проф. д-р Владимир Трајковски. Предавaњата на студентите беа организирани во текот на три дена и тоа во претпладневна и попладневна сесија. Институтот за дефектологија од Македонија со своите презентации го претставија 6 студенти на додипломски студии и една студентка на постдипломски студии.На 20 ноември презентираа Лазар Трифуновиќ и Воислав Досев, на тема: Ставовите на наставниците од Основното училиште „Дане Крапчев“од Скопје за инклузијата на учениците со посебни потреби. Истиот ден попладневната сесија ја отвори Мануела Крчаноска, која зборуваше на тема Пристап до јавните библиотеки за лица со инвалидност во Македонија, а по неа Ана Костадиновска и Гордана Благојевска презентираа на тема Анализа на психолошката основа на американскиот и македонскиот знаковен јазик. Истиот ден презентираше и Ема Доневска на тема Реакција на родителите по првото сознавање за потешкотиите во развојот. Вториот ден претпладневната сесија ја отвори Марија Димовска со презентација на тема Инклузија на деца со аутистичен спектар на нарушувања во редовните претшколски установи во Скопје. Беа презентирани голем број трудови од страна на студентите по специјална едукација и рехабилитација на различни теми, што придонесе за зголемување на знаењето и компетенциите кај идните дефектолози. Семинарот беше збогатен со предавањата на д-р Кристина Давидовиќ и Марко Павловиќ, на тема Вештини на презентирање, а на истата тема се одржа и работилница која се покажа како повеќе од успешна. И на крај за впечатокот да биде уште посилен, проф. д-р Миленко Кундачина, ја презентираше својата тема, Академско пишување. За час и половина колку што траеше неговото предавање, проф. Кундачина објасни како треба да се напише еден научен труд. Семинарот свечено го затворија претседателот на Студентскиот парламент на Факултетот за специјална едуакција и рехабилитација од Белград, Никола Ниќин, претседателот на Студентскиот парламент на Вишата здравствена школа, Саво Папиќ, проф. д-р Владимир Трајковски и по еден претставник од секоја земја, по што им беа доделени сертификати на сите учесници кои присуствуваа на предавањата или пак имаа свои излагања. Организаторите на овој семинар се надеваат дека овој конгрес е само почеток и дека организирањето семинари од ваков тип ќепрерасне во традиција.
Превземања
Податоците за превземање не се сè уште достапни.
Референци
Преземања
Објавено
2014-03-31
Издание
Секција
Articles
Дозвола
Авторско право(c) 2014 Мануела Крчаноска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
Како да се цитира
МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР НА СТУДЕНТИ ПО СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ЗЛАТИБОР 2013. (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(1-2), 126-127. https://doi.org/10.2478/
