НЕКОИ АСПЕКТИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ КАЈ ЛИЦАТА БОЛНИ ОД МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА
Клучни зборови:
мултиплекс склероза, квалитет на животот, индекс на инвалидност, самостојностАпстракт
Лицата со мултиплекс склероза се соочуваат со бројни предизвици кои од своја страна може да влијаат врз работите што тие ги сакаат и имаат потреба да ги направат. Често ограничувањата ја намалуваат способноста за справување и задоволување на обврските во домот, на работното место и во пошироката општествена заедница, така што едноставните секојдневни активности се трансформираат во дневни фрустрации.
Основна цел во истражувачкиот процес беше одблиску да го претставиме животот на лицата болни од мултиплекс склероза на територијата на Република Македонија, проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат и начините на кои ги надминуваат истите. Беа користени методите на структурална, дескриптивна и функционална анализа, како и методот на генерализација, техниките анализа на документација, скалирање и анкета и примена на прашалник составен од комбинација на неколку скали и индекси за проценка, како основен инструмент. Примерокот беше пригоден, составен од 32 лица со мултиплекс склероза на возраст од над 18 години, а резултатите беа добиени со статистичка обработка на податоците и примена на комбинација на хи квадрат тестови, со значајност на ниво p<r;0,05.
Според резултатите добиени на Индексот на инвалидност, 47% од лицата со мултиплекс склероза имаат ограничена самостојност во изведувањето на секојдневните активности што води до 31% од испитаниците ретко да учествуваат во активностите од секојдневниот живот, резултат добиен со Индексот на активности според Frenchay. Можеме да констатираме дека Индексот на инвалидност е поголем кај постарите испитаници и често следен со пад на фреквенцијата на активности во секојдневниот живот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Оливера Рашиќ-Цаневска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
