ЕКСПРЕСИЈА НА ОТОАКУСТИЧНИТЕ ЕМИСИИ КАКО ПРОДУКТ НА ДИСТОРЗИЈА КАЈ ДЕЦА СО ОТИТИС МЕДИА СО ЕФУЗИЈА
Клучни зборови:
отитис медиа со ефузија, отоакустични емисии, експресијаАпстракт
Вовед: Отоакустичните емисии се звуци што резултираат од енергијата генерирана во кохлеата. Бидејќи се пренесени од кохлеата до надворешниот слушен канал, каде што може да бидат измерени, патологијата на средното уво може да влијае на нивните карактеристики.
Цел: Цел на студијата беше да се евалуира влијанието на заболувањата на средното уво на експресијата на отоакустичните емисии како продукт на дисторзија (ДПОАЕ) кај децата.
Материјал и методи: Оваа проспективна студија вклучува примерок од 51 дете, 26 машки (51 %) и 25 женски (49 %), на возраст од 4 до 14 години (средна возраст 7,1 година), прегледани во периодот од јануари до мај 2017 година. Беа вклучени вкупно 15 деца со отитис медиа со ефузија (ОМЕ) и тип B тимпанограм, 21 дете со дисфункција на Евстахиевата туба и тип C тимпанограм, без течност во средното уво и 15 деца со уреден слух и тип A тимпанограм како контролна група.
Резултати: Кај децата со тип B тимпанограм, најниската средна вредност на ДПОАЕ амплитуда беше -15 dB SPL на фреквенцијата 4000 Hz. Кај случаите со тип C тимпанограм, најниската средна вредност на ДПОАЕ амплитуда беше -0,5 dB SPL и кај тип A тимпанограм 6,7 dB SPL. Кај децата со ОМЕ беа прифатени само 7 % од сите точки по октава (p < 0,00001), ДПОАЕ беа отсутни кај 85,8 % од тестираните фреквенции (p = 0,0259) и средната вредност на прагот на слухот беше 26 dB HL.
Заклучок: Експресијата на ДПОАЕ е сигнификантно афектирана не само со присуство на течност во средното уво, но исто така и во случаи на негативен притисок во средното уво без редукција на слухот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2017 Лидија Ристовска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
